verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарскиот напис мора да го докаже тоа што „се зборува“

on 24 - 12 - 2019       

„Од неодамнешните шпекулации“; „се зборува дека“; „се известува дека“; „се верува дека“… ова се само некои поими што го прават новинарскиот напис помалку веродостоен. Користењето на некои од нив во новинарски текст ретко се дозволува, и тоа само ако новинарот од добиената информација од неколку извори е сигурен во една работа и очекува да го документира случајот кој, на пример, може да биде во затворен процес. Во други случаи, како што е овој што го разгледуваме, ако овие изрази се вметнати во еден текст, тогаш веќе не станува збор за новинарски напис, туку за текст со хипотетичка содржина

 

Написот: БЕСА и ДПА се блиску до коалиција?

Линк до оригиналниот напис: БЕСА и ДПА се блиску до коалиција?  BESA dhe PDSH afër koalicionit?

Датум на објавување: 07.12.2019

Датум на рецензија: 16.12.2019

Рецензира: Ајнур Бафќари

 

Новинарска статија е текст со сите елементи

Авторот не се ни обидел да оствари ниту еден телефонски повик за да го потврди тоа што пишува, а целиот текст е само низа букви и реченици што не кажуваат ништо. Текстот не содржи ниту еден елемент на новинарски напис, нема факти, нема извори на информации. Го нема ниту еден од клучните квалитети на изразување – содржината.

 „Од неодамнешните шпекулации, се шпекулира дека партијата на Билал Касами, движењето БЕСА, ќе коалицира со Демократската партија на Албанците на Мендух Тачи. Ова е затоа што дури и во јавноста, лидерот на Движењето БЕСА изјави дека е подготвен да го вклучи Мендух Тачи во коалициите. Исто така, се известува дека лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами, имал тајни средби со лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Од овие состаноци се верува дека се извлечени заклучоци за соработка меѓу двата субјекти. Но, колку се точни овие шпекулации, се очекува да се дознае во наредните недели од потенцијалните состаноци на политичките лидери во земјата“, се вели во текстот.

Манипулација со фотографијата

Понатаму, авторот избрал фотографија која е приложена кон текстот и насловот што само поставува прашања и отвора дилема, додека истата фотографија е земена од архивите, само за да манипулира со читателот.

Кога авторот верува дека „можеби“, тој е во право!

Авторот прво извлекува заклучоци од она што „се зборува“ и „шпекулира“, потоа прави некои калкулации и на крајот ќе ја отфрли целата таа теорија, посочувајќи дека не се знае колку е вистина тоа што се пишува и се очекува да се потврдат од идните, потенцијални состаноци. Дури и во овој дел од текстот, авторот нема ниту идеја, ниту најава дали навистина ќе се одржат состаноците или не.

Концептот на манипулација „После тоа значи за тоа“

Кога авторот има тенденција да верува дека некој настан му претходи на друг настан, тоа е причина за појавувањето на манипулацијата. Во овој случај, авторот, меѓу другото, се базира на изјава на лидерот на движењето БЕСА, кој претходно изјави дека е подготвен за коалиција, „вклучително и со Мендух Тачи“.

Ако текстот не ја оправда основната намена, не губете време!
Ако некој текст е преполн со изрази како „од последните шпекулации“, „се зборува дека“, „се верува дека“, на читателот треба да му биде јасно дека не чита информација, туку само хипотези на авторот на текстот. Таквиот текст не ве информира, тој само го краде вашето време и кликови.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести