verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарот треба да ги одвои личните ставови од веста

on 6 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: „Избори 2016“: Се руши „Зајаскиот клан“, победува ДПА]

 

Текстот што го рецензираме од почеток до крај содржи елементи на коментирање кои не треба да се најдат во еден информативен текст, каков што претендира да биде овој напис. Уште во самиот вовед, авторот констатира дека „Идните парламентарни избори ќе бидат „кошмар“ за Демократската унија за интеграција (ДУИ)“, меѓутоа не се знае кој го предвидел овој кошмар, аналитичарите кои првпат се спомнуваат на крајот на првиот пасус или самиот новинар што го напишал текстот. Би било многу легитимно доколку фактот дека „ДУИ на наредните избори ќе ја ризикува својата позиција во Владата“ би го рекле аналитичарите кои се во „позиција“ да говорат за политичките збиднувања.

“Zgjedhjet 2016”  Shembet “Klani i Zajazit”  fiton PDSH » ExPress.mk   Ne jemi ndrysheЛинк до оригиналниот напис: „Избори 2016“: Се руши „Зајаскиот клан“, победува ДПА

Датум и време на објавување: 20/09/2015

Датум на рецензија: 30/09/2015

Рецензент: Бењамин Арифи

„Откако еден добар дел од нејзиното членство во Скопје, кое беше структурирано во неколку (не)владини организации замина од ДУИ и формираше свое политичко движење, од ДУИ се откина и еден дел од нејзините поддржувачи. Искажаните незадоволства во последно време од други пратеници и функционери кои  ја подготвуваат и нивната партија Унитети, за која „Експрес.мк“ (Express.mk) информираше дека се собрани потребните потписи за регистрација, ДУИ е поделена на три дела и е многу ослабната, проценува авторот на текстот без да понуди некој конкретен документ за иницијативата на фракцијата што е произлезена од ДУИ.

Веста за основањето нова политичка партија веќе неколку дена кружи низ јавноста, но кога се пишува текстот, треба да се наведе дека тоа се само претпоставки или сè уште неофицијални информации, за читателот сам да одлучи дали ќе ѝ верува на ваквата информација или не. Но, кога новинарот пишува самоуверено без аргументи, тоа не е ништо дурго освен пропагандистичка, рекламна вест.

Авторот на текстот продолжува со неговите пофални коментари за едната страна – „најстабилната албанска партија, ДПА, првата партија кај Албанците и носител на институционалните процеси и на реализација на економските, политичките, социјалните, културните и националните политики на Албанците“.

Ваквите текстови повеќе личат на кампања и текстови за односи со јавноста отколку на вести.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести