verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Tолкување резултати за да се фали ДУИ

on 5 - 12 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-149-porosite-e-anketave-i-aktuale-mk-http___www-aktuale-mk_porosite-e-anketave_

 

Напис: Пораките од анкетите

Независните агенции за истражување на јавноста ја посочија ДУИ како евентуален победник на идните избори. Овие резултати го изразуваат вкупниот број достигнувања на ДУИ и би било наивно да се игнорираат. Стерилната пропаганда против ДУИ доби заслужен одговор со последните истражувања на јавноста.

Повторно се потврди довербата во ДУИ, како релевентна и влијателна сила која ќе раководи уште четири години со политичките и со институционалните процеси во земјава. Силата на оваа доверба не е никаква мистерија, но таа најдобро ја изразува  поврзаноста меѓу политичките каузи и работите извршени на терен. ДУИ е синоним за постигнувања во овие 14 години и Албанците не можат да бидат индиферентни кон овој факт.

Забелешките што може да се направат кон оваа политичка сила се доволен демократски простор за сите гласови, кои во нивните очекувања проектирале поголем напредок на положбата на Албанците во Македонија. Овие забелешки, дури и не ја направија ДУИ имуна на критиките. Напротив, за раководството на оваа партија континуирано се добредојдени принципиелните критики и досега не е регистриран никаков реванш кон тие што мислат поинаку. Но, освен принципиелните критики, ДУИ се соочи и со остра непринципиелна кампања.

Во суштината на оваа кампања е омразата и клеветата, дури и провоцирајќи отворен линч против лидерот Али Ахмети и носителите на важни партиски функции. Јавноста е бомбардирана со валкани медиумски конструкти, кои сакаа да нацртаат нереални пејзажи во очите на незадоволните луѓе. Меѓутоа, резултатите беа разочарувачки. Ова се гледа и од последните истражувања. Луѓето не им веруваат на лутите пишувачи на приказни и најмалку на тие што се обидуваат да ја камуфлираат дезинформацијата како социјална кауза на незадоволните луѓе. Валкачите на ДУИ добро е да ги анализираат малку подобро последните резултати од јавното истражување и да ги ревидираат нивните ставови. Само на овој начин може да се постави еден ред во критериуми за оценување на јавното мислење, кое за основа би требало да ја има фактографијата на терен, а не субјективниот анимозитет на злобниците. Независните агенции за истражување на јавноста ја претставија ДУИ како евентуален победник на идните избори.

Овие резултати ја изразуваат целокупноста на постигнувања на ДУИ и би било наивно да се игнорираат. Дури, секој сериозен набљудувач на политичките процеси, би требало да го проектира инструментариумот на критиките врз овие параметри на јавното мислење. Во спротивно, јавниот простор останува празен и на негово место се инсталира некаква џунгла на мислења која повеќе произведува магла отколку јасност и јавен резон.

Пораките од анкетите се најправилното читање на политичката реалност и досега искуството покажало дека ДУИ својот рејтинг го потврдила во сите истражувања. Како резултат на ова, и изборите на 11 декември ќе ја одредат траекторијата што ги поврзува виталните интереси на гласачкото тело со политичката стратегија на ДУИ. /Тетова сот/

 

[Рецензија : Пораките од анкетите]

Обично, кога се прави толкување на анкетите, треба да се биде многу внимателен. Треба да се види кредибилноста на агенцијата, периодот и начинот на анкетирање, бројот на анкетираните, претходните анкети. Не треба да се открие само еден дел од анкетата, за одредени политички поени. Имајќи го предвид непрофесионалниот третман што им се прави на анкетите во медиумските содржини, „Сервисот за проверка на фактите во медиумите“ неодамна го анализираше селективното читање на анкетите, а резултатите од оваа анализа зборуваат за тоа дека има недостиг од добар третман и пренос на истражувањата на јавното мислење. Овој текст, на пример, не зел предвид ниту една одредба за толкување на анкетите, држејќи само една страна која, според анкетата, има „најдобар“ рејтинг.

porosite-e-anketave-aktuale-mk
Линк до оригиналниот напис:
 Пораките од анкетите

Датум и време на објавување: 27.11.2016

Датум на рецензирање: 29.11.2016

Рецензент: Ферикан Илјази

Уште од почеток се гледа дека веста е напишана по нарачка на еден политички субјект и ги остава настрана сите други детали, влегувајќи на овој начин во политичка кампања во прилог на партијата ДУИ. Недостига посуштински пристап во оваа анализа. Изгледа целта не била да се состави еден добар текст како што прилега, туку да се прави пропаганда во интерес на партијата. За да биде текстот уште понекомплетен, тој е без автор, а како извор фигурира само потписот на еден портал.

Поставената слика над текстот изгледа дека е од анкетата на ИРИ, но во текстот не се појаснува кој ја направил анкетата, само се употребува квалификацијата „независни агенции“. Од каде знае и како докажува новинарот кои се независни агенции, а кои не?

„Независните агенции за истражување на јавноста ја посочија ДУИ како евентуален победник на идните избори. Овие резултати го изразуваат вкупниот број на достигнувања на ДУИ и би било наивно да се игнорираат. Стерилната пропаганда против ДУИ доби заслужен одговор со последните истражувања на јавноста. Повторно се потврди довербата во ДУИ, како релевентна и влијателна сила која ќе раководи уште четири години со политичките и со институционалните процеси во земјава“.

Овој текст, независно од тоа што е анализа (што подразбира субјективен поглед, но од некоја личност со способности за правење анализа врз основа на аргументи и соодветни знаења), фаворизира една страна, не користи извори или аналитичари што би ги потврдиле овие тези и само дозволува самиот непознат автор да дава заклучоци која е партијата со повеќе достигнувања во Македонија. И да е така, новинарот нема улога на аналитичар или политичар, туку на информатор, кој не треба да држи ниедна страна. Таквите текстови обично ги пишуваат луѓе што постигнале еден статус во општеството и се релевантни гласови од јавноста за еден одреден предмет, а доколку станува збор за коментар од редакцијата, ова треба да се нагласи и да биде јасно за читателите.

„Луѓето не им веруваат на лутите пишувачи на приказни и најмалку на тие што се обидуваат да ја камуфлираат дезинформацијата како социјална кауза на незадоволните луѓе. Валкачите на ДУИ добро е да ги анализираат малку подобро последните резултати од јавното истражување и да ги ревидираат нивните ставови. Само на овој начин може да се постави еден ред во критериуми за оценување на јавното мислење, кое за основа би требало да ја има фактографијата на терен, а не субјективниот анимозитет на злобниците. Независните агенции за истражување на јавноста ја претставија ДУИ како евентуален победник на идните избори“.

На ваквите текстови, речиси сигурно, им завидува и бирото за јавно иформирање од ДУИ, бидејќи ги пречекоруваат и нивните фалби за себе. За да биде уште поразочарувачки, текстот дури им сугерира на аналитичарите како треба да го оформат нивниот став. Ги учи критичките набљудувачи на политичките процеси како треба да размислуваат и да анализираат, на некој начин повикувајќи ги на едноумие.

„Секој сериозен набљудувач на политичките процеси би требало да го проектира инструментариумот на критиките врз овие параметри на јавното мислење. Во спротивно, јавниот простор останува празен и на негово место се инсталира некаква џунгла на мислења која повеќе произведува магла отколку јасност и јавен резон“.

Содржината, таква каква што е, претставува еден целосно пропаганден и сугестивен текст, особини кои не треба да ги има една професионална содржина.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести