Новинарот не треба да суди, туку да биде реален
Објавено во Рецензии
on 24 - 07 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: Дали сопственикот на „Доказ“ е нападнат, или се е само сценарио за политички поени?! (фото)]
Овој текст е крајно тенденциозен. Му наметнува дилема на читателот, а истата не е проверена. Очигледно е дека текстот е политички пристрасен и дека има цел физичкиот напад врз новинарот Марјан Стаменковски да го употреби за политички цели.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Дали сопственикот на „Доказ“ е нападнат, или се е само сценарио за политички поени?! (фото)
Датум и време на објавување: 21.07.2015
Датум на рецензирање: 24.07.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
„Дали сопственикот на Доказ, Марјан Стаменковски, навистина бил претепан?! Ова прашање се отвори на социјалната мрежа фејсбук. Очигледно народот не ги зема здраво за готово сценаријата на соросоидите.“
Авторот на написот отвора едно прашање, дали навистина новинарот на „Доказ“ бил претепан, но наместо да понуди одговор на прашањето, поткрепен со факти и со докази, нуди рекла-кажала муабети од социјалната мрежа „Фејсбук“, сè за да се нападнат „соросоидите“. Ваквата тенденција произлегува од потребата да се оправда владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи самиот Стаменковски, кој е критички настроен кон Владата, откако беше нападнат и претепан, посочи дека тоа го сториле луѓе блиски на власта.
И наместо авторот на текстот, новинарот, да застане во одбрана на професијата и на колегата кој бил претепан, да земе изјава од него и едноставно да ја прикаже целосно состојбата, нуди едностран одговор во написот, дека сè било политички мотивирано и дека Стаменковски лажел дека бил нападнат. Дури и да било така, на читателот потребно е да му се понудат докази за тоа. Ова воопшто не е професионален новинарски текст, туку повеќе наликува на партиско соопштение, произлезено од кујната на ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку новинарот видел дека на „Фејсбук“ се отворила дилема околу нападот на неговиот колега, требало истата дилема да ја провери. А тоа многу лесно можел да го направи. Авторот можел да крене телефон и на клиниката каде бил згрижен Стаменковски и каде му биле санирани повредите од нападот, можел да праша за какви повреди станува збор и дали имал или немал скршеници.
Сепак, на крајот, не е новинарот тој кој може да носи заклучоци, дали некој бил нападнат и зошто бил нападнат. За тоа постојат надлежни институции кои треба да ја утврдат фактичката состојба. Задача на новинарот е да биде реален, да ги пренесе ставовите на двете страни, а не само на едната.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
нечитлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови