verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарот не смее во исто време да биде и „експерт“ и навреден гласач, коментатор, известувач…

on 25 - 04 - 2014       

FireShot Screen Capture #138 - 'КАНАЛ 5 - Телевизија' - www_kanal5_com_mk_vesti_detail_asp_ID=37669-crop-resize

[Рецензија: Пендаровски од Приштина со навреди за Македонија]

Цени го мислењето на другиот, дури и кога не се согласуваш со него! Ако имаш аргументи, спротивстави се со нив, но не напаѓај, дискредитирај или омаловажувај. Ова се животни правила кои се бонтон за примерно, човечко и демократско однесување и нив не е етички да ги прекршува човек ниту во секојдневната комуникација. Нивно прекршување најмалку се очекува од медиумите, чиј кодекс на однесување е насочен токму кон елиминирање на ваквите слабости. Но, во посочениов пример, авторот не се кара со аргументите на говорникот преку спротивставување на аргументи, туку проблематизира настап, начин на комуникација и како тоа, некој да се дрзе од Приштина да зборува против Македонија и нејзината Влада? Засега, нема закон кој на Владата ѝ дава статус на „заштитен објект“, па многу невкусно изгледа кога новинар, ставајќи се во улога на кадија над кадијата кажува што смее, а што не смее да се прави и дали може да се нападне Владата.

FireShot Screen Capture #138 - 'КАНАЛ 5 - Телевизија' - www_kanal5_com_mk_vesti_detail_asp_ID=37669-crop-sizeЛинк до оригиналниот напис: Пендаровски од Приштина со навреди за Македонија

Датум и време на објавување: 25.04.2014

Датум на рецензирање: 25.04.2014

Рецензент: Саше Димовски

ВЛАДАТА САМО ОД СКОПЈЕ ЛИ СМЕЕ ДА СЕ КРИТИКУВА?

Ако се гледа интенцијата на прилогот, веднаш ви се наметнува прашањето, што е спорно во дилемите што се дадени: дали тоа што критиката кон Владата и државата била упатена од Приштина? Ако не смеело од Приштина, може ли да се критикува од било кое село во било кој дел од земјава или само од Скопје, на пример?

Се проблематизира одржувањето на предавањето и зошто тоа се случило во финишот на изборниот процес? Знаете ли како звучи овој „аргумент“ упатен кон професор, гледано од страна? Збунувачки, шокирачки, невкусен и вулгарен! Особено што прилогот завршува со мислењето на „аналитичарите,“ кои рекле дека со средбите со косовските политичари, биле погрешни, кандидатот за претседател ги навредил сопствените гласачи?

Секако, веднаш прашувате: кои аналитичари и кои гласачи? Текстов не нуди ниту јавен став на аналитичар, ниту реакција од гласачите, кои се наводно навредени од посетата на Приштина. Новинарот не смее и не може во исто време да биде и „експерт“ и навреден гласач, коментатор, известувач и делач на совети.

Потценувачкиот и навредлив говор кој провејува низ анализиранава содржина покажува дека ваков пристап, апсолутно не е дозволен во медиумите, утврден и во Кодексот, кој забранува новинарот да го користи медиумот за пресметка со други личности. самиот наслов дава заклучок кој понатаму не се наоѓа во текстот. За кои навреди се тврди во насловот?

Независно каква е целта на коментарот, евентуалната заднина или тајмингот, пред изборниот молк, новинарот не може да се затскрива зад наводни неидентификувани експерти за да протурка свој или нечиј став, недозволиво е да се направи прилог кој изобилува со напади, дискавлификации и навреди, а за тоа едноставно да не се побара коментар од личноста која би требало да одговори: зошто критиките биле испратени од Приштина, ако тоа е проблем и недозволено?

Но, како што е наведено во текстот, да се критикува економската ситуација, иако релевантни меѓународни институции рекле дека во земјава е добра, е сериозен безобразлук. Ако новинарот има факти и податоци од релевантни организации, ги спротивставува со тие кои се кажани и извлекува заклучок. Но, овде, во овој пример, новинарот зборува за некакви извештаи кои биле поволни, но нема храброст да наведе кои се тие, па гледачот и читателот треба сами да заклучат кој и каква вистина зборува. Се расфрла со бројки на посети во Косово и Албанија, но не дава ниту еден податок на кои средби се мисли и кој се сретнувал.

Потенцирањето дека медиумот дошол до снимка од предавање кое било јавно и кое може да се најде на интернет, ја покажува наводната загриженост која провејува во текстот и покажување дека најденото е „тајно, страшно или безобразно“.

Дополнително, со комбинацијата на снимки, се прави лажна слика за настапот, времето и местото.

КОИ СЕ ТАЈНИТЕ ЕКСПЕРТИ И АНАЛИТИЧАРИ?

Тонот со кој е пласирана информацијата, исто така, отвора сомнеж за искрените намери дека идејата била да се информира гледачот, туку преку некаква микс форма на коментар и напад, да се креира слика на вина, грешка, па и оценка дека средбите биле погрешен потег? Кога се гледа прилогот, човек има чувство дека слуша нечија загриженост, преточена во недефинирана форма помеѓу анализа, коментар или лекција како новинарски производ.

Затоа, во вакви ситуации, ако новинарот пренесува одредени ставови, смета дека треба да спротивстави аргументи, аналитичари или политичари, слободно нека го направи тоа, но според правилата на професијата, без непотребна дискредитација, со правото на одговор или изјава на повиканиот и со реални показатели кои лесно може да ги провери секој заинтересиран.

Во спротивно, во секој обид, како посочениов, ќе биде доведуван во прашање кредибилитет на кажаното, што никому не му користи, а најмалку на професијата. Анализата како новинарски жанр или коментарот не се едноставни и нив не може секој да ги напише. Обидите, како во случајов, секогаш ќе служат за потсмев.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести