verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарот не обвинува, туку ги проверува обвинувањата

on 11 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: На Тачи му одговара ВМРО, ни збор „не му излегува од уста„ за Груевски!]

 

Целосно е легитимно и дозволено да се анализира однесувањето и дејствувањето на политичките партии, но при таквите анализи треба да се елиминира тенденциозноста и можната политичка пристрасност. Во овој текст се забележува дека има пристрасност и тенденциозност, повеќе отколку што се присутни професионалните новинарски принципи.

Thaçit i përshtatet VMRO ja  asnjë fjal  nuk i del nga goja  për GruevskinЛинк до оригиналниот напис: На Тачи му одговара ВМРО, ни збор „не му излегува од уста„ за Груевски!

Датум и време на објавување: 02.09.2015

Датум на рецензија: 03.09.2015

Рецензент: Бењамин Арифи

Текстот повеќе обвинува отколку што прави анализа и има повеќе заклучоци одошто истражувања. Авторот, истовремено, самиот ја игра улогата и на новинар и на експерт, што е парадоксално во професионалното новинарство. Гледано од содржински аспект, се гледа дека авторот ја промашил адресата за критика.

„Проектот „Скопје 2014“ се привршува, Македонија се пошумува со цркви, државниот буџет не се распределува пропорционално, Албанците сè уште имаат проблеми со државјанството и елементарните животни прашања. Економската неправедност секој ден се повеќе се продлабочува, Македонците кои што живеат во општина Аеродром имаат американски услови, додека во албанските населби сè уште проблем е водата за пиење, градинките, државните поликлиники и останатите елементарни услови за живот.“

Пристрасно и тенденциозно е за состојбите во државата да се бара одговорност од опозицијата, а да не се каже ни збор за власта. Не може ни одблиску да биде еднаква одговорноста на тие што ги имаат на располагање сите механизми и државни институции, со една опозициска партија.

Исто така, прекршено е и уште едно основно правило на новинарството – контактирањето со засегнатата страна. По сите обвинувања што се наведуваат во текстот, авторот требаше да контактира и со обвинетата страна и да го вклучи нејзиниот став во веста.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести