verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарите треба да избегнуваат сензационализам и да презентираат факти

on 27 - 09 - 2019       

Сообраќајните несреќи никако да се ослободат од медиумските сензации и теориите на заговор. Во случајот со министерот за култура, Хисни Исмаили, беше додаден елемент „сомнежи за атентат“. Ова е спротивно на принципите на новинарството. Текстот што го разгледуваме не ги почитува овие принципи.-

КумановаПресс: За сообраќајката на министерот Исмаили постојат сомнежи дека бил атентат

Линк до оригиналниот напис:За сообраќајката на министерот Исмаили постојат сомнежи дека бил атентат“: “Aksidenti i ministrit Ismaili dyshohet se ishte atentat”

Датум на објава: 30.08.2019

Датум на рецензија: 22.09.2019

Рецензира: Фатбарда Цури

Сензационален наслов со доза на дезинформација

Уште во насловот е употребен сензационализам. Тој се препознава со зборот „атентат“, кој се користи за манипулирање со јавноста, доведувајќи еден елемент нечуен до тој момент. Од друга страна, човекот е такво битие што на несреќи може да реагира не анализирајќи ги настаните под рационална, туку емотивна призма. И ваквите наслови се кука за читателите.

Ова е спротивно на членот 8 на Етичкиот кодекс на новинарите.

„Начинот на информирање во случај на катастрофи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести и судски постапки треба да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки, принципот на пресумпција на невиност мора да се почитува, да се информира за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда“.

Дезинформацијата потоа се појавува преку зборот „сомнеж“. Користењето на овој збор е спротивно на новинарските принципи кои велат дека новинарот мора однапред да објавува точни и проверени информации, од сигурни извори. Ова може да се види и во делот на статијата цитиран подолу.

„Полициски извори не исклучуваат сомневања за атентат врз основа на првичните резултати од истрагата“, се вели во веста.

Во новинарската пракса, во отсуство на доволно факти за какви било новости или извештаи, новинарите честопати користат коментар. Дури и тогаш кога ќе се реши за употребување на оваа форма на новинарство, новинарот мора да одржува одредено емотивно растојание од своите настани и неговите ставови треба да се засновани врз аргументи.

Во првиот случај, иако имаме извори, толкувањето е несоодветно и е претставено на таков начин што се дава право на „сомневањето за атентат“.

Концептот на манипулација: „Повик на веројатност“

„Овие информации ги загрижија блиските соработници на Исмаили, кои со право прашуваат кому му пречи неговата работа“, се вели во текстот.

Во вториот случај, без да наведуваат лица и причини за изјавите, тие ги пренесуваат нивните реакции. Ова е направено со цел да се манипулира читателот и да се остави впечаток дека несреќета била всушност атентат од лица кои сакаат да ја попречуваат работата на министерот Исмаили.

Ова е спротивно на првите два члена од Етичкиот кодекс за новинарите.

1.Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информации од јавен интерес. Новинарот мора да објави точни и докажани информации и нема да ги крие основните податоци и да ги фалсификува документите. Ако информацијата не може да се потврди, или ако станува збор за претпоставка или шпекулација, тоа треба да се каже и објави. Точноста на информациите треба да се докаже што повеќе.

2.Ако на новинарот му е забранет пристап до бараната информација, тој има право за ова да ја информира јавноста.

За читателите: Не верувајте на теории на заговор

Случајот е идеален за манипулација, што може да се види од наведените причини. Затоа, за да бидете сигурни дека сте правилно информирани, мора да ги видите изворите кои се цитирани. Кога тие се проверени, тогаш тоа е точна вест. Бидејќи во нашиот случај имаме несоодветен цитат, информацијата можете да ја проверите преку други медиуми. Информирајте се од повеќе извори.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести