Новата анкета на ИРИ: Измама!
Објавено во Рецензии
on 6 - 09 - 2015 Автор: Xhenis Sulimani
[Рецензија: Eксклузивно: Најновата анкета на ИРИ]
Текстот што го рецензираме е пример што најдобро покажува како може да се избламира еден медиум кога објавува неточни инфрормации.
Линк до оригиналниот напис: Eксклузивно: Најновата анкета на ИРИ
Датум и време на објавување: 01.09.2015
Датум на рецензија: 03.09.2015
Рецензент: Џенис Сулимани
Многу портали побрзаа да го објават текстот за најновата анкета на ИРИ, и исто толку подоцна објавија демант за веста. Во новинарството свесното манипулирање со јавноста е најголемото злосторство над професијата. Кога ова излегува и во јавноста, кредибилитетот е уништен.
Новинарскиот продукт што го рецензираме ја прикажал табелата за рејтингот на политичките субјекти од најновата анкета на Меѓнародниот републикански институт (ИРИ), иако оваа анкета никогаш не е спроведена.
„Од табелата може да се примети драстично намалување на албанската партија на власт, која што на последната интерна анкета на ИРИ, објавена во јуни, имаше рејтинг од 7%, сега паднала на 4.3%, што е малку повеќе од половина. ДПА во анкетата од јуни уживаше поддршка од 3% додека сега нејзиниот рејтинг паднал истотака забележал драстично паѓање и сега е само е 1.1%.“
ИРИ ја демантираше веста дека во последно време направила таква анката. Тие ја нарекоа шпекулација последната информација дека ИРИ излегол со нови резултати за рејтингот на политичките субјекти.
„Во врска со прашањето за последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во Македонија, би сакал да ве информирам дека последното истражување на јавното мислење во Македонија, ИРИ го спровела во периодот од 6 до 15 јуни 2015 и тоа е објавена на нашта интернет страна.“
Демантот потврдил дека веста што ја рецензираме е лажна и со право може да се претпостави дека целта била манипулација на јавноста.
Според новинарскиот кодекс, моралната одговорност за неточната информација паѓа врз новинарот. Во таквите случаи важно е самиот тој да влијае и да обезбеди објавување на демантот, исправката или одговорот во медиумот каде е објавена информацијата, чиј што автор е тој. Иако довербата е многу разнишана.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
точни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
демантирана вест
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови