verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нова клапа по старото сценарио

on 9 - 06 - 2016       

 

Screenshot from 2016-06-12 17:29:26

[Рецензија: Почнува изградбата на експресните патишта, се реконструираат 200 километри регионални патни правци]

Рецензираме популистички и фалбаџиски текст со кој треба да се подигне имиџот на партискиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и да се претстави како „премиер“. Прилогот повеќе личи на рекламен документарец во кој  Груевски и понатаму пред народот глуми премиер, објаснува, раскажува и прима рапорт од членовите на Владата за изградба на новите патишта низ земјава.

Згора на тоа, и веста и насловот се бајати и во нив нема ништо ново, бидејќи Груевски од 31 декември минатата година, кога ја претстави партиската програма за наредната година, во меѓувреме работите изнесени во текстот ги повтори уште најмалку дваесетина пати, зборувајќи за изградба на експресни патишта низ државата.

 

FireShot Capture 15 - Почнува изградбата на експресните патЛинк до оригиналниот напис: Почнува изградбата на експресните патишта, се реконструираат 200 километри регионални патни правци

Датум и време на објавување: 06.06.2015 19:40

Датум на рецензирање: 07.06.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

 

ТВ-САПУНИЦА
Вистината во прилогот не може да се оспори, тоа го покажуват и фотографиите и снимениот материјал на терен, бидејќи низ Македонија навистина се градат неколку патишта. Но, овој прилог е направен наменски во популистички стил, за да му се подигне кредибилитетот на партискиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и да се сврти вниманието на јавноста од централните теми во државата. Откако го видовме како се забавува, во ноќен живот  и игра баскет, во најновата сцена од телевизиската сапуница „Денот со Груевски“, тој во овој прилог е прикажан во сериозна улога на „премиер“, кој прима рапорт од ресорниот министер и директорот на ЈП за државни патишта и со сериозност на премиер објаснува, дава инструкции и прашува како треба понатаму да се одвиват работите и зборува што ќе се случи во иднина, кои патишта ќе се градат во октомври, кога ќе бидат распишани тендери… Претставувајќи го во таква улога, прилогот пред граѓаните прејудицира дека тој ќе биде и понатаму на власт. Затоа, во очигледно изрежираниот прилог, надлежните со полна сериозност и поданички му рапортират како на премиер.

„Значи, се гради патот Кочани – Штип, тоа е скроз нов пат со четири ленти, експресен пат. А што е со Ранковце – Крива Паланка? (му објаснуваат). Аха, значи како овие два Кочани – Штип и Радовиш – Штип така ќе биде и со овој Ранковце – Крива Паланка…
И кога одиме со нов повик за барање концесионер, јавно-приватно партнерство за нова траса на автопат Кичево – Гостивар, кога ќе биде тоа спремно?“

МУЛТИПЛИЦИРАЊЕ НА ВЕЌЕ КАЖАНОТО

За два дена веста и прилогот се мултиплицирани 19 пати во 15 медиуми блиски до актуелната власт, односно партијата ВМРО-ДПМНЕ.  За спинот да биде што посилен, залепен е и графички приказ на сите можни локални, регионални и магистрални патишта во државата кои се градат, се изградени или се во план да се градат. Тоа е општо познато и не е вест, бидејќи во тој приказ нема ништо ново.

 

ПАРТИЈА КОНТРОЛИРА ЈАВНИ ПАРИ

Текстот отвара сериозно прашање дали посетата на партиски лидер, кој повеќе не е државен функционер, на градилиште, каде се во тек работите на објекти финансирани од парите на граѓаните, треба да се следи и покрива на овој начин – при што тој се прикажува како неприкосновен авторитет кој бара отчет и наложува како и каде да се трошат јавни пари. Тоа е типичен пример на злоупотреба на медиумскиот простор во функција на гебелсовска глорификација на водачот на партијата и нема никаква новинарска вредност. Затоа можеби ваквите вести би требал да се објавуват во рубрика „Политички реклами“.

Бидејки актуелната тема во државата се изборите, со ваков начин на известување е прекршен членот 14 од Кодексот на новинарите:

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

поставено е видео

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести