verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ништо и сешто во еден ист новинарски текст

on 14 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

10092015-Vecer-Talat-crop-resize

[Рецензија: Талат Џафери се грижи за Македонија повеќе од цел СДСМ]

 

Во оваа информација има ништо и сешто. Тоа ја прави многу проблематична. Има „ништо“ кога се обидувате да тргнете во потрага по информации и по аргументи што ги навестува наднасловот на оваа медиумска содржина: „Дипломатите ни ја узурпираат државата“. Во сите учебници по новинарство, како и во практиката, наднасловот ја определува најшироко темата на новинарсткиот текст, а во насловот е фокусот или аголот на приказната.

Во нашиот случај, тоа не е така. Освен со една полуреченица дека „дипломатите се мешаат и го уништуваат политичкиот договор…“, нема ништо повеќе за тој аспект на актуелниот политички момент во земјата.

Иако, патем кажано, политичките преговори за излез од длабоката политичка и институционална криза во земјата почна и се решава со посредство на меѓународната заедница, по претходна согласност на сите најголеми политички партии и со одобрување на поголем дел од македонската јавност.

Дури и насловот нема содржина. Тој, насловот, вака поставен имплицира дека на Албанците „природно“ не им е гајле за Македонија и дека „грижата“ на Талат Џафери е исклучок. Тоа, исклучокот, си дозволуваме да истакнеме, имплицира дека, во принцип, Албанците се секогаш предавници. Тоа е политички некоректна алузија.

10092015-Vecer-TalatЛинк до оригиналниот напис: Талат Џафери се грижи за Македонија повеќе од цел СДСМ

Датум и време на објавување: 07.10.2015, 16:43

Датум на рецензирање: 13.10.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Откако утврдивме дека наднасловот и насловот се исполнети со „ништо“, останува да аргументираме зошто овој текст има „сешто“, но без никакво значење со насловот и со наднасловот.

Текстот е, пред сѐ, едностран, а уште во преамбулата на Кодексот на новинарите се нагласува:

Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.

Во овој текст нема ништо од аспектот „контрола на власта и на другите субјекти“.

Наместо тоа, имаме нагласено истакнување на аргументите на само една страна, но без многу конекција со најавите во наднасловот и во насловот. Наведени се две изјави од истакнати поединци на владејачката партија, кои единствено имаат цел да создадат уште една медиумска содржина за оцрнување на опозицијата.

И членот 14, од Кодексот на новинарите, многу јасно определува дека новинарите треба да имаат дистанца од политичките процеси:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Нема ништо од сугерираната дистанца. Напротив. Има јасна тенденција да се афирмира само една страна.

Освен тоа, оваа медиумска содржина има проблеми со својата жанровска определеност. Таа е чуден микс од коментар, колумна и од анализа.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести