verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Невкусен спин за политичка дискредитација

on 19 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Среде-најголемата-терористичка-закана-Република-Online-crop-resize

 

[Рецензија: Среде најголемата терористичка закана за Европа, македонската полиција целосно блокирана]

 

Од самиот наслов се создава сомнеж за политичката пристрасност на објавата, насочена кон дискредитација на опозициски министер. Додека авторот смета дека полицајци молат бога на Македонија да не ѝ се случи нешто, на читателот му останува да моли бога барем еден елемент во текстот да даде официјална информација наместо партиски инспириран коментар.

Среде најголемата терористичка закана за Европа македонската полиција целосно блокирана Република OnlineЛинк до оригиналниот напис: Среде најголемата терористичка закана за Европа, македонската полиција целосно блокирана

Датум и време на објавување: 14.11.2015, 08:52

Датум на рецензирање: 17.11.2015, 12:00

Рецензент: Александар Пешев

Но, молитвите, се чини, ќе останат неодговорени, кога зборуваме за новинарските стандарди. Од првата до последната реченица имаме констатации без ниту еден официјален извор на информации, што го прави текстот коментаторски. Самите коментари создаваат впечаток дека трагедија во која биле убиени стотина луѓе се користи како оружје за напад на политички неистомисленици. Но, да почнеме со ред.

Воведот на текстот отвора простор за издржување на тврдењето со извори на информации или официјални изјави, но констатацијата дека „македонската полиција е целосно парализирана“ останува неиздржана.

„Во голем дел од подрачните единици на министерството началниците и оперативците денеска и вчера расправаат што може, а што не може да се работи без дозвола од министерот.“

Повторно објавата останува покуса за официјална изјава со што остануваат отворени клучните прашања: кој расправа, колкумина расправаат, на која функција се именуваните загрижени лица? Дали за состојбите во министерството расправаат чистачките или високорангирани лица? Но, наместо одговор на овие прашања, авторот продолжува со неатрибуирани констатации, за запрени операции и за збунети оперативци. Се наведува и дека збунети биле и правниците, но повторно нема изјава од ниту еден правник.

Овој комплекс на анонимни тврдења, кои наликуваат на маскирани коментари, прави финиш во кој е евидентна едностраноста на објавата

„Во ваква ситуација полициските оперативци молат бога на Македонија да не и се случи ни приближна ситуација како во Париз.“

Се создава впечаток дека анонимниот автор се обидува да го нападне новоназначениот министер за внатрешни работи, користејќи ја трагедијата во Париз како инструмент за дискредитација. Немаме доказ дека прозваната страна во написот, поточно министерот, бил консултиран за ваквата состојба.

Велат, крајот го краси делото, а во случајов обезбедува доказ за политичката пристрасност на текстот:

„Сега СДСМ со креирање криза го запоседна и блокираше МВР. Партиска цел е да се избегнат изборите, а поучени од досегашните искуства, пак со криза да ја дофатат власта.“

Да потсетиме дека клаузулката „СДСМ бега од избори“ често ја употребува владејачката ВМРО-ДПМНЕ во своите партиски соопштенија, а во овој текст таквото тврдење виси без никаква атрибуција.

Сè на сè, имаме непрофесионална објава која прави обид за известување на јавноста за констатирана состојба без ниту еден официјален извор. Поширок поглед на објавата открива невкусен обид за зацрнување на углед на функционер преку издвојување инцидент што го потресе светот и преку негово спинување.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести