verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Неограничената слобода на медиумите е ограничена со зборот „тајна“

on 18 - 11 - 2019       

Иако слободата на медиумите е загарантирано право, таа не е неограничена. Слободата на изразување, на пример, се оспорува со Кривичниот законик, со забрана за објавување на информации што претставуваат „службена тајна“, „државна тајна“ и „воена тајна“. Според Кривичниот законик на Република Северна Македонија, во првиот случај на објавувачот – новинарот му се закануваат до 5 години затвор, а во вториот случај до 10 години затвор.

Пишува Фатбарда Цури 

Последниот таков случај беше со медиумот „Инфомакс“, во кој беше објавен записникот од претходна постапка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција „Рекет“. Поднесено е тужба против објавувачот, што беше критикувано од Здружението на новинари на Македонија и побара наместо новинарот да се гони тој што го дал записникот. Оваа можност беше отфрлена од Обвинителството затоа што, како што се вели во соопштението, Кривично дело – Давање службени тајни, исто така, врши и тој што на јавноста или на неповикано лице му соопштува „службена тајна“.

Кривично дело врши и тој што издава и објавувачот на „службената тајна“

Според Кривичниот законик на Република Северна Македонија, кривично дело врши како издавачот така и објавувачот на „службена тајна“.

„Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или на друг начин ќе му ги стори достапни податоците што претставуваат службена тајна или прибавува такви податоци со намера да ги соопшти или предаде на јавноста или на неповикано лице, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.“, се вели во членот 360 од Кривичниот законик.

Бидејќи службената тајна е поврзана со предистражната постапка за случајот „Рекет“, според Законот за кривична постапка, сите дејствија преземени во предистражната постапка се класифицирани како „тајни“.

„Сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на обвинителот и полицијата се сметаат за тајни“, се вели во член 289 од Законот.

Најсериозна форма на делото е објавување на „државни тајни“

Најсериозната форма на повреда на Кривичниот законик е објавување и откривање на „државни тајни“ и документи и информации кои со закони и правилници се категоризирани како „државни тајни“. Ова може да го загрози објавувачот и до 10 години затвор.

 „Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или стори достапна државна тајна што му е доверена, ќе се казни со затвор од една до десет години“, се наведува во член 317 од КЗ

А во претходниот член, 316 кој е за шпионажа, во последниот став се дефинира „државната тајна“.

„Како државна тајна се сметаат податоците или документите што со закон или со друг пропис или со одлука на надлежниот орган донесени врз основа на закон, се прогласени за државна тајна и чие откривање имало или можело да има штетни последици за политичките, економските или воените интереси на Република Македонија“, се вели во Кривичниот законик.

Ако податоците и документите класифицирани како државни тајни се обезбедени и обелоденети, следува затвор од 1 до 5 години, ако државната тајна е дадена и откриена во време на војна или воена опасност ќе се казни најмалку четири години, и ако е од небрежност, ќе биде изречена казна од шест месеци до 5 години. Ако тој што оддава државна воена или службена тајна како припадник на странска организација или ако ги оддава на странски организации ќе се казни со затвор до 10 години.

“Случајот Assange”

Случајот со Жулијан Асанж, новинар и основач на Викиликс, најдобро би го опишало тоа дека загарантираната слобода на медиумите и новинарите е спорна, кога новинарот ја снабдува јавноста со информации што претставуваат државна тајна. Тоа е затоа што тој во 2010 година, тој објави тајни документи кои содржат детали за вмешаноста на САД во војната во Авганистан и Ирак. Оттогаш, до 11 април оваа година кога му беше укинат политичкиот азил на Еквадор, Асанж беше во бегство од американските власти. Тој сега се наоѓа во затвор во Лондон каде чека одлука на суд за екстрадиција во САД под обвинение за шпионажа – откривање државни тајни. Дали Асанж ќе биде екстрадиран во САД, ќе биде утврдено во февруари 2020 година.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

Претплатете се за најнови вести