verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Неодговорно и опасно ширење паника и страв

on 16 - 03 - 2020       

[Рецензија: (Фото) XAOC ВО ДЕБAP: Блokaди на патиштата, пoжap над градот, апokaлиптични cцeни во Македонија]

И покрај препораките на сите институции и државни органи – а и здраворазумските гласови во јавноста – текстот неосновано придонесува кон сеењето паника и страв од коронавирусот.

Линк до оригиналниот напис: (Фото) XAOC ВО ДЕБAP: Блokaди на патиштата, пoжap над градот, апokaлиптични cцeни во Македонија

Датум и време на објавување: 13.03.2020

Датум на рецензија: 14.3.2020

Рецензира: Стојан Синадинов

Блокада, пожар, апокалиптични сцени… Тоа се главните атрибути на овој текст што сее паника и страв по одлуката на владата и да прогласи кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, и по одлуката на претседателот на РСМ Стево Пендаровски да ја ангажира Армијата на РСМ како помош на здравствените инстутуции во справување со заразата од вирусот „ковид 19“.

Текстот наведува дека градот е блокиран.

Од Скопје кон Дебар патот е затворен со барикади и полициски пунктови кај Мавровска брана. Другата барикада е поставена на излез према Струга. Во градот може да се влезе само со лекарска документација дека сте сосема здрав.

Секако дека влезот и излезот од градот е строго контролиран, и можат да го напуштат само граѓани со уредна документација дека им е потребна итна медицинска помош што не можат да ја добијат од локалната здравствена заштита. Но, никако не станува збор за барикади, што може да се види на фотографиите, ниту, пак, за хаотични сцени.

Овој текст е преземен и од неколку други портали, па добронамерните граѓани веќе го коментираат.

Напиот со придавката „апокалиптични“ сака да ги коментира сцените на празните улици. Но, за разлика од улиците на Балканот или на Ориентот, кои се „апокалиптично“ празни во страв од коронавирусот, улиците во Западна Европа (почнувајќи од Словенија, на пример), и пред ширењето на заразата и препораките да се остане дома, вообичаено се празни во вечерните часови на работните денови од неделата. Ништо не е апокалиптично ако и нашите граѓани се придржуваат кон препораките.

Во членот 8 од Кодексот на новинарите се вели:

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми…

Написот ги крши постулатите на овој член.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести