verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нема скратено работно време за граѓаните пред пензија

on 24 - 09 - 2019       

[Рецензија:Одлична новина за идните пензионери-жените со навршени 60 и мажите со 62 години старост ќе работат по 6 часа, а ја задржуваат целата плата ]

Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира околу тоа дека ќе има скратено работно време за граѓаните кои се пред пензија. Оваа информација ја демантираше и надлежното Министерство за труд и социјална политика, односно министерката Мила Царовска, која вели дека вакво нешто не е предвидено со измените на Законот за работни односи.

Линк до оригиналниот напис: Одлична новина за идните пензионери-жените со навршени 60 и мажите со 62 години старост ќе работат по 6 часа, а ја задржуваат целата плата

Датум и време на објавување: 20.9.2019

Датум на рецензија: 23.9.2019

Рецензент: Силвана Жежова

Се предвидува жените работнички со навршени 60 години старост да работат 6 часа, а ја задржуваат целата плата до пензија, а мажите работници со навршени 62 години старост, исто така, ќе работат 6 часа и до пензионирањето ја задржуваат целата плата.

Иако новиот Закон за работни односи сè уште се изработува, наводното намалување на бројот на работни часови за вработените лица кои се две години пред пензионирање, во насловот, но и во содржинскиот дел на текстот што го рецензираме е претставено како завршена работа.  Министерката за труд и социјална работа, Мила Царовска информацијата за скратеното работно време за мажи и жени ја оцени како дезинформација. Во изјава за медиумите таа нагласи дека на законскиот текст работат работни групи и кога ќе биде изработен, ќе има јавна дебата и дури потоа ќе биде донесен.

Тоа се дезинформации. Нека потврди медиумот кој изнесувал за тоа оти таква информација има од МТСП. Донесувањето на законот за работни односи се врши на транспарентен начин, изјави Царовска.

Текстот не се базира на факти и докази, туку на паушални тврдења кои може да предизвикаат реакции и забуни како кај граѓаните така и кај работодавците. Информацијата којашто се тврди можела да биде проверена и преку ресорното министерство, но тоа не е сторено.

Донесувањето на Законот за работни односи сè уште е во рана фаза. Предлогот за скратено работно време на луѓето пред пензија, досега не е побаран од ниту еден синдикат, не е спомнат како решение, а таква пракса не е позната ниту во околните држави.

 

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести