verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нема никаков хаос на грчко-македонската граница

on 5 - 03 - 2020       

[Рецензија: Хаос на грчко-македонската граница, мигрантите насилно пробуваат да се пробијат (ФОТО)]

Текстот што е предмет на оваа рецензија е контрадикторен, има неточен наслов и има за цел да шири паника.

Линк до оригиналниот напис: Хаос на грчко-македонската граница, мигрантите насилно пробуваат да се пробијат (ФОТО)

Датум и време на објавување: 02.03.2020

Датум на рецензирање: 04.03.2020

Рецензент: Ана Анастасовска

Овој напис има бомбастичен и погрешен наслов кој на прв поглед ќе предизвика вознемиреност кај читателите, имајќи ја предвид сензитивната ситуација со мигрантите. Насловот најавува дека на грчко-македонската граница е хаос и дека мигранти насилно се обидувале да се пробијат, а во прилог на ваквата констатација се понудени и фотографии.

Но, кога ќе се отвори текстот се гледа дека насловот не е поткрепен со докази за изнесените тврдења. Целиот напис се повикува на неименувани „извори на Курир од МВР“. Потоа, под фотографијата во текстот не е наведено ништо, ниту од каде е земена, ниту кога и каде е направена.

Доколку ја побарате на интернет ќе видите дека станува збор за фотографија снимена на грчко-турската граница, а не на грчко-македонската.

Во текстот се прави манипулација и со фактите.

Голем број на специјалци се веќе на границчниот премин со Грција, а не е исклучено и ситуацијата да ескалира.

Манипулацијата се содржи во тоа што не се наведува кои специјалци и на кој граничен премин се упатени, дали македонски специјалци се упатени кон грчко-македонската граница, или пак, грчки специјалци се упатени на грчко-турската граница.

Исто така, се тврди дека грчки полицајци употребуваат шок-бомби бидејќи мигрантите се обидувале да го пробијат кордонот.

Како што можевме да видиме од некои грчки медиуми, нивните полицајци употребуваат и шок-бомби, бидејќи мигрантите на секаков начин пробуваат да го пробијат кордонот.

И повторно не е прецизирано, на која граница. А, имајќи го предвид насловот: „Хаос на македонско-грчката граница“, овие нецелосни информации упатуваат на тоа дека се работи за македонско-грчката граница.

Но, во последната реченица, написот сам се негира. Ако во насловот најавува хаос, сега тврди дека ситуацијата е под контрола.

Заесега нашите информации од МВР велат дека ситуацијата е под контрола, но големиот наплив на мигранти може да доведе до несакани инциденти.

Претседателот Стево Пендаровски, на 03.03.2020 г. беше во посета на војниците во Гевгелија и на транзитниот центар „Винојуг“, од каде изјави дека ситуацијата на македонско – грчката граница е стабилна.

Состојбата на јужната граница е стабилна, ќе реагираме превентивно и според сите можни сценарија, нема никакво зголемување на бројот на мигранти, освен она што е вообичаено за овој перид од годината, ниту пак ниту пак има назнаки за некаков бран кој деновиве ќе оди кон нашата територија – рече Пендаровски.

Очигледно е дека овој напис шири лажни вести и дека има за цел да создава паника кај читателите, што е исклучително непрофесионално за еден медиум. Задача на медиумите не е да шират паника, туку да известуваат професионално, особено за вака чувствителни теми.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести