verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нема ,,исмевање на лажичето” туку барање да нема групирања и масовни собири

on 11 - 05 - 2020       

[Рецензија: Ќе се извинат ли сега сите оние кои се исмејуваа со ,,лажичето” за Велигден]

Од насловот се добива впечаток дека „лажичето“, метафора за светата причест, на некаков начин придонело луѓето кои ќе се причестат да се имуни на зараза од Ковид 19. Ова се разбира, без да навлегуваме во материјална расправа за верските чувства, не е точно. Невозможно е да се знае кога точно некој би се заразил и од кој контакт, кога станува збор за масовни собири каде што има голем број на луѓе. Оттука се и стравувањата дека после одржаните верски собири каде што има голем број луѓе на мал простор, може да има зголемување на бројот на заразени со коронавирусот.

Линк до оригиналниот напис: Ќе се извинат ли сега сите оние кои се исмејуваа со ,,лажичето” за Велигден

Датум и време на објавување: 29.04.2020

Датум на рецензија: 08.05.2020

Рецензент: Мирослава Бурнс

Во принцип не може да се дознае дали некој од луѓето кои се причестиле се заразил. Не може да се утврди ни процентуално ни бројчано. Во епидемиолошкиот прашалник не постои прашање ,,Дали сте се причестиле”.

Свештениците од земјите од православниот свет, свесни за ова, соработуваа со здравствените власти, па така Велигденската литургија и во Русија и во Грузија и во Грција, Србија,  се одржа само со присуство на свештениците и клириците

Второ, болестите што ги имаат верниците кои се причестуваат, не мора да се вируси. Може да се болести што не се пренесуваат по капљичен пат, за разлика од коронавирусот кој докажано се пренесува преку патот на капките.

Тврдењето дека после Велигден бројот на заразени опаѓал е точно, но не целосно. На 7 мај, на пример, имаше 33 новозаразени, бројка која што епидемиолозите и здравствените власти ќе ја следат и во наредните денови бидејќи изненади. Во последниот период има тренд на намалување на новозаболени, но, на денот на одржувањето на верските собири околу Велигден, никој не можел да знае и да претпостави како ќе се движи идниот број на заразени лица.

Да се бара некој да се извини затоа што поради загриженост за колективното здравје посочувал да нема собирања, (па ни верски) не е издржано.

Сега сите молчат. Зошто овие луѓе немаат барем малку доблест, да речат извинете, погрешивме. Еве не мора да поверуваат и да станат верници, туку да кажат само едно обично ПРОСТИ.

Во секуларна држава, црквата не може да биде над законите. Оние кои повикуваат на почитување на законите се чувари на демократијата како систем на политичко уредување. Ако властите утврдиле дека поради епидемија на заразна болест, се забранува групирањето, се воведува задолжителна дистанца од 2 метри меѓу граѓаните (што очигледно не беше испочитувано на верскиот собир во Бигорскиот манастир), тогаш црквите и сите други верски организации треба да ги почитуваат таквите мерки на претпазливост.

Да се посочува дека немало зголемен број заразени после причестувањето, без да се утврдат различните причини кои можеле да доведат до тоа намалување на бројот на пациенти со коронавирус, а тоа да ѝ се припишува на причеста, е манипулирање со вистината. Зарем не е можно, бројот на заразени да се намалил од некоја друга причина, како на пример, зголемен полициски час, затворање на голем број угостителски објекти, воведување на задолжителна заштитна опрема и казни за тие што не го почитуваат ова, понатаму, засилени полициски контроли и изрекување прекршочни пријави, засилени апели и ограничувања од здравствените власти на пример?

И, иако насловот сугерира дека постоело некакво ,,исмевање” на лажичката за причест, од текстот и цитираните извори такво нешто не може да се воочи. Напротив, тие повикуваат на кривична одговорност по член 206 од Кривичниот законик, за загрозување на здравјето во услови на пандемија, а прозивките се однесуваат на масовни собирања, спротивни на законите и уредбите со законска сила со цел спречување на заразна болест.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област. 

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести