verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нема да ви се верува: Путин го легализирал убиството во Русија!

on 6 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

megafon

 [Рецензија: Путин донесе нов закон: Жените во Русија слободно ќе можат да ги убијат своите силувачи]

Просто е неверојатно дека некој кој креира медиумски содржини на платформи од кои информациите можат да пристигнат до јавноста, односно до поширока публика, може да напише текст кој во насловот категорично тврди дека Путин донел закон според кој жените во Русија слободно можат да ги убијат своите силувачи.

Како прво, не живееме во средниот мрачен век на беззаконие за да може и да се помисли дека ваков закон е можен, и, како второ, не може Путин да донесе закон!

Законите, дури и во Русија, под водство на Путин, ги донесува руската Дума, односно, рускиот парламент, како и во секоја земја со парламентарно устројство.

Ова го истакнуваме на почетокот на оваа рецензија за да посочиме дека професионалното новинарство подразбира задолжително познавање на елементарните правила на политичкиот и на општествениот систем.

07052016-Megafon-PutinЛинк до оригиналниот напис: Путин донесе нов закон: Жените во Русија слободно ќе можат да ги убијат своите силувачи

Датум и време на објавување: 03.07.2016, 14:23

Датум на рецензирање: 06.07.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ЕЛЕМЕНТАРНО НЕПОЗНАВАЊЕ

Од друга страна, пак, дури и да сакаме сериозно да го анализираме овој текст од аспект на новинарските стандарди, соодветно методолоогијата за рецензии на „Сервисот за проверка на фактите од месиумите“, оваа медиумска содржина нема да го помине ни најнискиот праг на новинарски текст.

Освен елементарното непознавање на донесување одлуки во утврдени политички системи, каков што е и нашиот, на пример, овој текст нема наведено – извор.

За да се објави ваква содржина, со ваква „вест“ дека силуваните жени можат да ги убијат силувачите, неопходно е да има извор. Бидејќи нема извор, оваа содржина не е веродостојна, односно е невистинита.

Ова го тврдиме и врз основа на нашето истражување кое покажа дека не постои таков закон во Русија. Најголемата казна за силување во оваа земја, според Кривичниот законик на Руската Федерација, изнесува затвор од 20 години.

Освен фактографските недоследности и грешки, овој текст има и логички недоследности. Имено, во насловот се вели дека Путин донел закон силуваните жени да стекнат право да ги убијат силувачите, а во еден пасусите од текстот пишува дека била предложена казна доживитен затвор (?!).

Во истиот тој параграф пишува дека тој предлог бил прифатен, а во наредниот вели дека новиот закон им дава право на жените да ги убијат силувачите… (?!)

Извинете, но оваа медиумска информација е полна со… грешки. Големи.

Оваа медиумска содржина нема ниту елемнтарни технички, но сепак важни, информации. На пример, датум и време кога е објавена веста, што создава дополнителна конфузија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

лажни информации

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести