verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нема да се објавуваат сите што се во самоизолација, туку само несовесните

on 22 - 06 - 2020       

Фото: Илустрација

Насловот на овој текст е неточен, ја наведува јавноста да донесе погрешен заклучок и со тоа врши груба манипулација Во насловот се тврди дека оние кои што одат во самоизолација, поради постоење веројатност дека се заразени со коронавирусот, ќе бидат јавно објавени. Ова не е точно

Линк до оригиналниот напис: ОФИЦИЈАЛНО: Доколку одите во самоизолација почнувајќи од денеска јавно ќе бидете објавени

Датум и време на објавување: 19.6.2020

Датум на рецензија: 21.6.2020

Рецензент: Симона Атанасова

Фактичката ситуација е дека јавно ќе бидат објавени имињата на лицата на кои здравствените власти не можат да им ги достават решенијата за самоизолација, односно лицата кои одбиваат да ги примат решенијата. Дел од нив даваат погрешни податоци и погрешни адреси и тоа е основната причина. Станува збор за 450 такви лица кои не соработуваат со властите во нивните напори да се намали ширењето на вирусот.

Листата која ќе биде објавена е со имињата на овие несовесни лица, а не со имињата на сите лица кои се во самоизолација. Значи листа со оние кои одбиваат да соработуваат, а не и на оние кои ги почитуваат правилата и се држат до препораките.

„Тоа се луѓе кои се огромен ризик ако се асимптоматски носители на вирусот и доколку се движат помеѓу луѓе и не почитуваат самоизолација, може болеста да ја шират“, изјави министерот ФИЛИПЧЕ.

Во текстот, информацијата, односно изјавата на Филипче е точно пренесена, но насловот е некоректен и изваден од контекст. Оној кој што ќе го прочита само насловот, а не и целиот текст, ќе биде доведен во заблуда и ќе биде грешно информиран.

Тоа е спротивно на професионалните и етичките станарди во новинарството, а придонесува за ширење на дезинформација.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област. 

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести