verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Небалансирана вест се смета за еднострана

on 3 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Универзитетот во Скопје, бизнис на ДУИ за маскирање на „националната кауза“]

 

Веста што ги има сите страни во текстот преставува целосна информација. Едно од основните начела на новинарството е секоја информација да биде балансирана и страните да се претстават на правилен и еднаков начин.

download (2)Линк од оригиналниот напис: Универзитетот во Скопје, бизнис на ДУИ за маскирање на „националната кауза„

Датум и време на објавување: 28.07.2015

Датум на рецензија: 29. 07. 2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Веста што ја рецензираме има цел да ги презентира ставовите на експертите и на познавачите на оваа проблематика, за отворањето нов универзитет во Скопје. Познавачите на политичките пригоди ги искажале своите ставови и мислења за горенаведеното прашање.

„Поранешниот министер за образование, Сулејман Рушити, смета дека ова идеја е дадена заради лични придобивки, и предупредува дека ќе се изнаслушаме разно разни смешни идеји имајќи во предвид дека практкички се наоѓаме во предизборна кампања и дека политичките субјекти немаат некоја конкретна развојна програма. Професорот Назим Рашиди вели дека во моментот ќе продолжи да се постави прашањето зошто е потребен уште еден универзитет, а не зајакнување на постоечките. …Новинарот Џелал Незири за Порталб вели дека високото образование веќе не може да биде една голема национална кауза, туку се повеќе станува бизнис… Од друга страна академикот Изет Зеќири, вели дека сè ова се прави за политички мотиви.“

Меѓутоа, во целиот текст недостига официјалниот став на албанската партија на власт, ДУИ, за отворањето на новиот универзитет или, пак, ставот на Министерството за образование.

Новинарот со право покренува прашања што се од интерес на јавноста и тие се претставени преку мислењата на соговорниците, меѓутоа паралелно треба да се направи обид за еднакво презентирање и на другата страна.

Изоставањето на официјалниот став може да се смета за тенденциозно, бидејќи информациите што не ги содржат сите страни го прават новинарскиот продукт едностран. Новинарот на јавноста треба да ѝ ја отслика полемиката за одредената проблематика со ставовите на сите страни.

Доколку другата страна не се одзива да даде одговор или, пак, ако ставот е искажан порано, тоа, исто така, треба да биде наведено во текстот. Во секој случај, јавноста не треба да биде оставена да биде информирана само за ставовите на едната страна.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести