verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не верувајте во ова фотографија направена со Фотошоп за вирусот Корона!

on 13 - 07 - 2020       

Фото: Илустрација

Ширењето паника од страна на медиумите, а особено незрелото пишување вести е индикација дека медиумот е несериозен. Пишувањата без никакви факти и без никакво значење покажуваат дека тие се тенденциозни и невистинити. Да заземат толкав простор ваквите вести во медиумите е неприфатливо. Веста што ја прегледуваме има сериозни нарушувања на професионализмот и етиката, токму основните елементи за кои што треба да се грижи еден вистински медиум.

Фотографија од веста што се прегледува

Линк до оригиналниот напис: Kujdes/ Jane gjetur dy kapsula te çuditshme /A duhet tu besojme ?Внимание / Најдени се две чудни капсули / Дали треба да им веруваме?

Датум на објавување: 16.04.2020

Датум на рецензија: 10.07.2020

Рецензира: Наиле Даути

Неверојатно

„Споделете ја оваа фотографија колку што е можно повеќе. Само што најдов вирусна капсула во грмушка во близина на експлозивна зона“, со овој опис започнува статијата што ја разгледуваме.

Само што ја читаме ова реченица, се подразбира дека ова мора да биде некое лично пишување на некој поединец, направено преку социјалните мрежи, затоа што во текстот се зборува во прво лице еднина. Но, кога ќе прочитате понатаму, нема објаснување, ниту кој ја пронашол, ниту каде и кога е пронајдена, а не се знае ниту кој го напишал статусот. Текстот не е на авторот што го објавил, тој е копија од низа портали, кои веројатно го преземале од некаде. Но, сепак, ова не го оправдува авторот кој го објавил овој вид скандалозен текст.

Текстот понатаму продолжува со свои теории на заговор, без никакви факти, едноставно засновани на фотографија, чија модификација може да ја разбере дури и личност која нема идеја за монтажа и фотошоп.
„Ова е вистинска војна не мамат оние што ги фрлија овие садови во изолирани области за да нè отрујат сите нас. Дознав дека се пронајдени уште две слични капсули во Франција и Гренланд. Се надевам дека одговорните ќе бидат најдени наскоро и казнети од страна на НАТО и од кој било кој има моќ и се човечни“, се наведува во статијата. 

Текстот продолжува во прво лице и предизвикува сомнеж дека вакви капсули се пронајдени во Франција и Гренланд, без да објасни на читателот каде е пронајдена таа што е наведено во статијата.

Концепт на манипулација „Повикување емоции“

Преку овој целосно дезинформативен напис, авторот се обидел да го докаже и зајакне своето тврдење, но очигледно без успех, само преку фотографија, тврдејќи дека е вистина. Во исто време, знаејќи дека ваквите теми кои го вклучуваат коронавирусот го привлекуваат вниманието на сите, ги злоупотребува емоциите на луѓето, додава несигурност и предизвикува страв.

За читателите

Насловите во форма на прашања се индикативни дека веста не е потврдена и може да го збуни читателот. Немањето извор на информацијата и ниската веродостојност, вести со паника, итн., се карактеристични за вестите што не треба да ги читате, затоа што немате корист, напротив, само сомнеж, конфузија и непотребна вознемиреност.

Овој напис е дел од специјалното известување на Критинк за дезинформациите за епидемијата со коронавирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдените информации од оваа област.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести