verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не смее ли Јанева да оди во „велнес-центар“?!

on 21 - 02 - 2017       

infomax

[ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Катица со пари на народот, покрај базен ги релаксира облините!]

 

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија е далеку од новинарски напис. Тој е коментаторски и тенденциозен и има цел да ја дискредитира специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Тврдењата во овој текст се неосновани и тој е едностран, бидејќи нема изјава од засегнатата страна. Самиот наслов на текстот е недоличен, бидејќи во него се коментира физичкиот изглед на специјалната обвинителка, што е невкусно и воопшто не е предмет на јавен интерес.

ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО Катица со пари на народот покрај базен ги релаксира облините iNFOMAX.mkЛинк до оригиналниот написЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Катица со пари на народот, покрај базен ги релаксира облините!

Датум и време на објавување: 18.02.2017

Датум на рецензирање: 20.02.2017

Рецензент: Ана Анастасовска

 

 

А ИЗЈАВА ОД ЈАНЕВА?

„И додека државата кризира поради хировите на нејзиниот штитеник, Катица Јанева, благодарение на енормно високите примања кои достигнуваат преку 3.000 евра месечно, лесно може да си допушти живот на висока нога. Како што може да се забележи од фотографијата до која ексклузивно дојде Инфомакс, Катица Јанева раскошно ги распослала нејзините облини покрај базенот во еден наш познат велнес центар“.

Од самиот вовед на написот може да се види која е неговата цел. Да се нападне Јанева дека живеела на висока нога и се луксузирала во „познат велнес центар“. Нејасно е што е спорно тука. Дали одењето во центар за здравје и за убавина е кривично дело во Република Македонија или, пак, вршењето на должноста специјален јавен обвинител е неспојливо со посетите на такви центри?!

Тоа на читателот не му е објаснето. Само е нафрлено дека Јанева трошела народни пари за да се луксузира. По логиката на овој напис, сите оние што се буџетари во државава не смеат приватно да одат на одмор, бидејќи во тој случај одат со народни пари!

Второ, нејасно е од каде е фотографијата што е употребена во овој текст. Има ли медиумот дозвола да објавува вакви фотографии од приватниот живот на специјалната обвинителка или, пак, може да заработи тужба за истата? Понатаму, фотографијата е доста матна и нејасна и не може со сигурност да се тврди дека на неа е специјалната обвинителка. За да се потврди информацијата, потребна е изјава од Јанева, но тоа го нема во написот.

 

 

ПОВРЕДА НА ПРИВАТНОСТА

„Секако, платата која ја добива од граѓаните на Р.Македонија таа наместо да ја искористи за она за што е избрана, Катица решила да го изживее сето она кое во младоста го пропуштила, а сега и е овозможено со народни пари“.

Тука повторно се навлегува во приватниот живот на Јанева, нагласувајќи дека „решила да го изживее сето она кое во младоста го пропуштила“. Ова, исто така, e неразбирливо. Од каде се информациите дека Јанева во младоста не посетувала вакви центри? Нема нејзина изјава за да бидат поткрепени ваквите тврдења.

Подолу се коментира и начинот на кој работела специјалната обвинителка, но, исто така, без никакви докази и аргументи. Се обвинува Јанева дека „потрошила и голем дел од нејзиниот мандат на изнаоѓање на кадровски решенија и измислување на работни места за членови на нејзиното потесно семејство, но и на партиски послушници од СДСМ“.

 

 

НЕОСНОВАНИ ОБВИНУВАЊА

„Го вработи и осуденикот и опозициски колумнист Боки Бургија. Ќерката на Есад Рахиќ, Берниса. Лустрираниот кодош Панта Џамбазовски и редица други“.

Тука се обвинува новинарот Панта Џамбазовски дека бил кодош, иако нема никаков доказ за тоа. Имено, порталот „Нетпрес“, на 11 октомври 2016 година излезе со текст дека Џамбазовски бил соработник на тајните служби и објави некакви документи кои наводно го потврдувале тоа. Но, таквите наводи и документи ден потоа, беа демантирани од самиот Џамбазовски. Тој на 12 октомври 2016 година во изјава за „Телеграф“ вели:

„Никогаш не сум бил соработник на тајни служби, што значи и никогаш не сум имал каква било корист од нив, за разлика од „Нетпрес“, кој доаѓа до некакви документи на тајните служби, а притоа без да побара изјава од мене, што е новинарско правило…“

Целиот текст наликува на чаршиски муабет и на озборување, што во новинарството е недозволиво и непознато како професионална практика. Новинарството се служи со информации што се проверени и поткрепени, а не со произволни толкувања и со коментирањe на нештата.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести