verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не се рушат тениските терени во Карпош, туку бесправно изградените објекти околу нив

on 11 - 02 - 2020       

[Рецензија: Богоев незаконски руши тениски терени во Карпош, децата кои таму остваруваат успеси станаа жртва на бизнис интерес]

Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи тениските терени во Карпош нема да бидат срушени туку ќе се отстранува бетонската градба до теренот. Во демантот на Општина Карпош се појаснува дека „при извршен инспекциски надзор утврдено е дека субјектот кој стопанисува со терените поседува дозвола за монтажно – демонтажни соблекувални, а при увидот, констатирано е дека постои градба – армирана бетонска платформа со објект, за која воопшто не постои дозвола од Град Скопје.“

Линк до оригиналниот напис: Богоев незаконски руши тениски терени во Карпош, децата кои таму остваруваат успеси станаа жртва на бизнис интерес 

Датум и време на објавување: 09.2.2020

Датум на рецензија: 10.2.2020

Рецензира: Силвана Жежова

Во написот  се тврди:

...Речиси секој ден пристигнуваат информации за нови случаи на користење на моќта од страна на функционерите на СДСМ.

Најновиот пример е во општина Карпош, каде градоначалник е Стефан Богоев кој важеше за исклучително близок до Бојан Јовановски, попознат како Боки 13. Имено, Богоев и општината се обидуваат неосновано и незаконски да одземат и срушат тениски терен каде што се рекреираат граѓаните на Карпош, но и тренираат тенис стотина мали деца на истиот терен, кој е здобиен на легален начин за што постои и документација.

Во однос на обвинувањата во текстот дека Богоев „неосновано и незаконски сака да одземе и сруши тениски терен каде што се рекреираат граѓаните на Карпош“, од Општината информираат дека всушност „правниот субјект кој стопанисува со терените, го има прекршено член 73 од Законот за градење“, а тоа било утврдено од страна на Секторот за инспекторат.

Во однос на тренирањето на децата, пак, според информациите на Општина Карпош, субјектот, во повеќе наврати го има прекршено Договорот, кој предвидувал и слободни термини за играње тенис за граѓаните на Карпош и нивно јавно објавување, а тоа не било направено. Не била организирана ниту училишна спортска лига.

Нема да има никакво рушење на терените, но законите треба да важат за сите подеднакво. Од ова отстапки нема, се вели во демантот на Општина Карпош.

Исто така, не е јасно зошто во текстот спорот помеѓу Општина Карпош и правниот субјект се доведува во кореалација со обвинетиот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и притоа е објавена стара фотографија од градоначалникот Богоев, неговата сопруга и Јовановски, која нема врска со написот.

Текстот што го рецензираме нема став од втората страна за која пишува, а тоа е Општина Карпош. Обвинувањата се еднострани, без да се праша што навистина предвидува договорот помеѓу Општината и правниот субјект. Не е исто дали рушите тениски терени или бесправно изграден објект кој се наоѓа до нив. Од Решението издадено од Општина Карпош, кое е приложено во текстот, може да се види дека на инвеститорот му е наложено да отстрани градба, објект и настрешница, но не и терените.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести