verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не се препорачува за деца помлади од 12 години, неопходен е надзор од родител

on 15 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

04142015-Libertas-GoGo-09876-098-crop-resize

 

Авторот на рецензијата на оваа медиумска содржина не би сакал во ниту еден момент да биде морализатор или, далеку било, цензор, но мораме да признаеме дека предлогот на читателот да го анализираме овој „текст“ придружен со галерија фотографии, нè поттикна да ги земеме предвид неговите забелешки.

Читателот, кога го предложи овој текст за рецензија, ни напиша:

„Како загрижен родител на две малолетни деца, барам од вас да се анализира веста и ваше мислење дали нашите деца треба ова да го читаат без некакво предупредуване дека не е за мали деца? Синчето сабајлево ме прашува: „Тато која е оваа дискотека и зошто досега не сме биле таму“, а има само 14 години. Апелирам до сите загрижени родители од ваквите вести, кои без никаков срам се делат на социјалните мрежи и стигаат до најмладата публика, да бидат цензурирани…

Нема да го наведеме вториот дел од неговата оцена за оваа медиумска содржина, иако речиси целосно се согласуваме со него, но за она што тој го наведува во цитираниот дел на неговата сугестија за рецензија – вреди да се размисли.

04142015-Libertas-GoGoЛинк до оригиналниот напис: Галерија-Ова се случуваше на Го-Го журката во “Тао“

Датум и време на објавување: 10.04.2015, 10:20

Датум на рецензирање: 14.04.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Има една законска практика која се однесува на телевизиските медиуми, со која се определува категоризацијата и периодите на емитување на ТВ-програмите што можат штетно да влијаат врз физичкиот, психичкиот и моралниот развој на малолетниците. Со визуелните и со аудиознаците за предупредување, родителите и децата знаат дали програмата е соодветна за децата што во тој момент се пред ТВ-екраните.

Оваа позитивна практика од работата на масовните медиуми дава добар потенцијал за заштита. Но, овој или посоодветен начин за предупредување на содржините што се на интернет, а што можат да влијаат на децата – не постои. Следствено, интернет-медиумите немаат таква законска обврска.

Останува на нивната процена дали за некоја содржина за која може да се оцени дека може да има штетно влијание на дел од нивната публика, ќе организираат некаква заштита или предупредување. Технологијата денеска лесно го овозможува тоа и останува само да се активира добрата волја и чувството за одговорност.

Дотогаш, останува овој тип реакции и укажувања кои треба да помогнат да се активира таа одговорност.

Но, има уште нешто со што оваа медиумска содржина ги предизвикала професионалните стандарди. Тоа е неодвоените рекламни пораки од новинарската содржина. Во таа смисла, имаме и регулатива во членот 6 од Кодексот на новинарите:

Новинарот не смее да го користи медиумот за објавување или прикривање информации за стекнување лична корист. Митото, корупцијата и изнудувањето се неспојливи со новинарската професија. Не смее да се дозволи рекламирањето и другите комерцијални мотиви да влијаат врз слободата на информирањето. Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата.

Некои делови од овој член не се апликативни на овој медиумски текст, но го пренесовме целосниот текст од членот за поголема автентичност.

Во таа смисла, овој медиумски продукт го прекршува овој член од новинарскиот кодекс зашто на ниту еден начен не е назначено дека се работи за комерцијален текст.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести