verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не се прави вест без ниеден извор

on 15 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #245 - 'Lëvizja Besa ditën me shqiptarët, natën me Zaevin_! (Foto) – Tetova Sot' - www_tetovasot_com_2016_06_levizja-besa-dite

Напис:  Движењето Беса дење со Албанците, ноќе со Заев?!

Движењето Беса како нова политичка сила кај Албанците во Република Македонија, по сè изгледа минува низ криза на политички идентитет на политичката сцена.

Сака да се прокламира како национално движење, но, во основа, гледајќи од дејноста на носечките личности на оваа движење во граѓанскиот сектор, повеќе наликуваат како верско движење.

Од политички аспект се обидуваат да се идентификуваат со активните политики на движењето Самоопределување во Косово, сакајќи да профитираат од организирањето на младите за политичко активирање. Во внатрешната политика во Република Македонија, пак, не може, а да не кажеме дека Движењето Беса се идентификува со опозицискиот СДСМ, имајќи предвид дека секој ден сè повеќе, чекор по чекор, го копира.

Еден класичен пример на копирање на СДСМ е истакнувањето на директорите на разните сектори, слично на комисиите на СДСМ. Движењето Беса учествува и на протестите на СДСМ и пред неколку дена соопштија дека ќе ги поддржат протестите на „Шарената револуција“ иницирани од СДСМ, станувајќи на овој начин дел од агендата на СДСМ за симнување од власт на Никола Груевски.

Тоа што ја збунува јавноста се „нападите“ по социјалните мрежи кои Движењето Беса ги упатува кон лидерот на СДСМ, бранејќи ги така интересите на Албанците. Тие дење го напаѓаат Заев за неговите односи со Косово и со Албанците, додека ноќе, од 18 часот, заедно со Заев излегуваат по скопските улици за да ја симнат од власт Владата на Република Македонија.

 

[Рецензија: „Движењето Беса дење со Албанците, ноќе со Заев?!“]

Професионална вест не треба да иницира сомнежи без во неа да има поставено прашања некому кој би ја разјаснил ситуацијата за читателите. Инаку, сè што е лично мислење на авторот, не може да има својство на вест. Во овој случај, тежината на тоа мислење е еднаква на она од мислењето на обичен човек, а има други последици во јавноста, особено ако се маскира како информација.

Tetova sot - Levizj besa diten me shqiptaret, naten me Zaevin 1
Линк до оригиналниот напис: „Движењето БЕСА дење со Албанците, ноќе со Заев?!“

Датум и време на објавување: 07.06.2016

Датум на рецензирање: 08.06.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Текстот е изграден врз заклучоци направени од самиот автор, кој е едностран затоа што ги анализира движењата само на еден политички субјект. Дадени се оценувања непоткрепени со извори и со докази.

„Сака да се прокламира како национално движење, но, во основа, гледајќи од дејноста на носечките личности на оваа движење во граѓанскиот сектор, повеќе наликуваат како верско движење.

Од политички аспект се обидуваат да се идентификуваат со активните политики на движењето Самоопределување во Косово, сакајќи да профитираат од организирањето на младите за политичко активирање. Во внатрешната политика во Република Македонија, пак, не може, а да не кажеме дека Движењето Беса се идентификува со опозицискиот СДСМ, имајќи предвид дека секој ден сè повеќе, чекор по чекор, го копира“.

Најсоодветни извори за една таква анализа би биле експертите и аналитичарите на политичките ситуации, кои би кажале и би го подржале тоа што се поставува како теза во овој текст. Само фотографиите не се доволни.

  • Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
  • Новинарите имаат право на свое мислење, став или да вреднуваат, но не смеат да го камуфлираат како да е факт – пишува во Прирачникот за етика во новинарството.

Новинарот мора да контактира со субјектот кој е во фокус на написот. Неговиот став е основниот елемент на текстот. Само претставници на Движењето Беса би можеле да дадат едно порелевантно објаснување околу тоа дали и зошто „менуваат“ став, како што се претпоставува во содржината, и кои ќе бидат нивните активности во иднина, во кои аспекти го подржуваат СДСМ и во кои не. Учеството во протести за кои јавно се знае дека се организирани од граѓанскиот сектор, не мора да значи и директно подржување на Зоран Заев. Авторот требало да му понуди на читателот повеќе информации околу оваа прашање.

„Тоа што ја збунува јавноста се „нападите“ по социјалните мрежи кои Движењето Беса ги упатува кон лидерот на СДСМ, бранејќи ги така интересите на Албанците. Тие дење го напаѓаат Заев за неговите односи со Косово и со Албанците, додека ноќе, од 18 часот, заедно со Заев излегуваат по скопските улици за да ја симнат од власт Владата на Република Македонија“.

Ниту еднаш не се спомнува името на членот на Беса кој е виден на протести и не се дава објаснување дали тој е присутен како член на движењето или, пак, како индивидуа. Во текстот пишува дека јавноста е збунета, но не е направена никаква анкета за да се испита нејзиното мислење.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

Ниеден извор

Ниедна страна

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести