verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не се најавени никакви нови рестрикции во борба против коронавирусот

on 23 - 06 - 2020       

Фото: Илустрација

Новинарите треба да ги поткрепуваат своите информации со изјави, да ги проверуваат, а доколку се работи за шпекулација, тоа јасно да го нагласат. Во насловот се сугерира потенцијално враќање на полицискиот час што може да предизвика револт и погрешно информирање кај граѓаните, во услови кога се најавува олабавување на ,,тврдите мерки“

Скриншот од веста што ја рецензираме

Линк до оригиналниот напис: Во најава нови рестрикции: Комисијата за заразни болести на средба со скопските градоначалници

Датум и време на објавување: 21.06.2020

Датум на рецензија: 21.06.2020

Рецензент: Мирослава Бурнс

Огромен проблем во овој текст е насловот, затоа што погрешно и непоткрепено инсинуира дека средбата на градоначалниците на скопските општини со членови на Комисијата за заразни болести, автоматски претставува најава за повторни и нови рестриктивни мерки. Но, ова, не е точно. Нема никаква најава ниту за полициски час, ниту за други рестриктивни мерки. Од тука, може да се заклучи дека причината поради која ќе се сретнат градоначалниците и Комисијата за заразни болести е како тие едукативно и превентивно да делуваат во своите територијални единици во насока на сузбивање на ширењето на вирусот.

И покрај тоа што во написот се сугерира дека не се исклучува можноста да се побара повторно полициски час, сепак, проблематично е што ова тврдење не се атрибуира на ниту еден извор. „Според дел од информациите“ не може да се смета за професионалн наведен извор.

Според дел од информациите, не е исклучена и можноста да се побара повторно полициски час од 22 часот до 05 часот, со што би се ограничило движењето во доцните часови, кои е најмалку важно и претежно се користи за задоволства и луксузирање.

За ваквата најава да се пласира, неопходно е да се провери со извори од Комисијата за заразни болести или со некој од градоначалниците, но и тоа не е сторено. Освен тоа, се наведува дека официјалната причина за средбата е ,,јакнење на свеста на локално ниво“, но тоа ,,јакнење“ никаде не е наведено дека ќе се прави со рестриктивни методи и никаде не се споменува воведување на такви мерки.

Сепак, во насловот од написот токму тие рестриктивни мерки, кои не се атрибуирани на ниту еден извор, се главниот агол и ,,мамец” на кој се фатиле околу 5.600 читатели според бројот на читања на написот до моментот на рецензијата. Освен тоа, кога се споменува ,,карантинизирање“ на општините со најголем број заразени, се заборава да се напомене дека минатиот пат кога оваа идеја беше на дневен ред на Комисијата за заразни болести, таа беше отфрлена, од причина што Скопје функционира како функционална целина, односно граѓаните се движат на целата територија, имаат работни места надвор од својата општина и ваквото затворање е неможно да се спроведе.

Комплетно неоснован е и последниот пасус од текстот:

Утрешниот ден по многу работи ќе биде интересен и важен за начинот на кој ќе продолжи да функционира државата во справувањето со корона вирусот.

Констатацијата треба да сугерира дека овој состанок е нешто од екстремно значење кое што значително ќе го промени текот на справувањето со кризата, но и ова не е поткрепено, туку надувано тврдење. Комисијата за заразни болести секој ден се состанува со различни субјекти од општествениот и политичкиот живот, зависно од тоа во кои сегменти треба да се насочат нејзините препораки. Оттука, активноста на Комисијата да се сретне со градоначалниците на скопските општини има повеќе протоколарен, редовен и нормален карактер, а не ваков специјален и специфичен, каков што се сугерира крајот од текстот, во обид да се внесе некаква тензичност и неизвесност.

Новинарите треба да ги поткрепуваат своите информации со изјави, да ги проверуваат, а доколку се работи за шпекулација, тоа јасно да го нагласат. Во насловот се сугерира потенцијално враќање на полицискиот час што може да предизвика револт и погрешно информирање кај граѓаните, во услови кога се најавува олабавување на ,,тврдите мерки“. Минатата недела се продолжи работното време на угостителските објекти, а за неделава се најавија протоколи за функционирање на хотелите. Сето тоа не навестува ни оддалеку враќање на полицискиот час.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести