verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не е злато сѐ што сјае – особено ако „златните прачки“ се преголеми

on 14 - 09 - 2015       

ФОТО  Америка го опустоши Ирак со кражба на нафта и злато   Faktor-crop-resize

 

[Рецезнија: (ФОТО) Америка го опустоши Ирак со кражба на нафта и злато]

 

Станува збор за непримерен, несериозен, нелекториран и неуреден текст од три-четири реченици со тврди, но со ништо аргументирани ставови. Објавените фотографии, пак, се посебна приказна. Само со едно пребарување на сите нив со наредбата „Search Google for this Image“ на интернет-пребарувачот „гугл хром“, веднаш се гледа дека ниедна од нив не е употребена од ниеден малку од малку поеминентен извор и дека нив ги има единствено на социјалните мрежи каде се користат само за разни форми на пропаганда и за ништо друго. Малку повнимателно ако се погледнат, веднаш се забележува дека прачките од „злато“ се едноставно преголеми и со оглед на неговата густина, кога ова навистина би било злато, тие би биле претешки и многу непогодни за транспорт. Настрана фактот, пак, што прачки злато никогаш и никаде не се транспортираат вака расфрлани, зашто тие по пат ќе бидат подложни на абење и на триење и значително количество злато од таквото меѓусебно триење на прачките би пропаднало. Единствено место каде што оваа „афера“ се спомнува тоа е оваа веб-страница, која проверува дали нешто е вистина или не и која кажува дека станувало збор за стопени кошулки од артилериски гранати од бакар или цинк. А, ако, пак, малку подлабоко некој се замисли, тогаш тој ќе мора да си го постави прашањето кој тоа нормален кој налетал на илјадници прачки злато би се сликал со нив и со тоа би се довел во опасност да биде разоткриен дека токму тој е крадецот. Крадците, нели, не се баш склони да се фотографираат со својот украден плен. Еве, овде, овде, овде и овде има редица фотографии на американски војници и офицери од Втората светска војна, кои се фотографирани со вистинско нацистичко злато или украдени уметнички предмети од нацистите и во ниеден случај не станува збор за кражба, туку за официјално документирани фотографии. Тоа, едноставно, говори оти фотографијата ниту значи дека она што е фотографирано е украдено, како што и не значи дека она што е фотографирано е оригинал.

ФОТО  Америка го опустоши Ирак со кражба на нафта и злато   Faktor.mkЛинк до оригиналниот напис: (ФОТО) Америка го опустоши Ирак со кражба на нафта и злато

Датум и време на објавување: 13.09.2015

Датум на рецензирање: 14.09.2015

Рецензент: Владимир Петрески

„По инвазијата врз режимот на Садам во Ирак е украдено цело богатство. Украдиени се триесет трилиони нафра и 20 милијарди злато,

На социјалните мрежи се појавија фотографии од американски војници кои товарат камион полн со злато.

Откако украле огромно богатство, тие отишле во Авганистан да си обезбедат полиња со афион и мински полиња.“

Овие три кратки пасуси го сочинуваат целиот текст. Што значи оваа (полу)реченица преполна со печатни грешки, која завршува со запирка: „Украдиени се триесет трилиони нафра и 20 милијарди злато,“? Триесет трилиони нафта што? 20 милијарди злато што? Како тоа по инвазијата врз режимот на Садам во Ирак е украдено цело богатство, а никој за тоа досега не пишувал веќе 10 или 11 години? Да се случило такво нешто навистина, светскиот печат досега многупати ќе покриеше таква тема? Како е можно таква една кражба да биде толку добро скриена? За каква, пак, кражба на нафта станува збор, кога ирачкото производство на нафта беше многу мало пред војната во 2003 година поради санкциите, а Ирак своите нафтоносни полиња преку меѓународен тендер им ги додели на 12 светски нафтени конзорциуми дури во 2010 година, значи дури по заминувањето на САД од земјата (овде и овде).

Во однос, пак, на фотографиите на американски војници „кои товарат камион со злато“, а кои се појавиле на социјалните мрежи, алармот морал веднаш да се вклучи и да се постави прашањето: како тоа ниеден светски медиум не напишал ништо за ова. Настрана фактот што појавата на овие фотографии не е отсега, туку од пред неколку години.

Последната реченица е, пак, нејасна. Што се сака да се каже со тоа „отишле во Авганистан да си обезбедат полиња со афион и мински полиња.“ Точно е дека Авганистан е една од земјите со најголем број мини на светот, но тоа е така многу пред Армијата на САД да се појави таму, односно мини се поставувани во текот на долгата граѓанска војна и за целиот период додека армијата на САД беше во земјата нема ниеден извештај дека од американска страна се поставувани мини. Зошто војската на САД би го правела тоа? Исто така, како тоа американските војници си обезбедувале афион? Што ќе им го? За своја лична употреба? Тоа е строго забрането во војската на САД, се разбира, (како и во секоја друга) и доколку се открие дека некој војник користи опојни дроги, не само што ќе биде веднаш расчинет и избркан, туку го чека и кривично гонење и затворска казна. Настрана, пак, што ни за ова нема никакви аргументи. Напротив. Она за што има аргументи, тоа е фактот дека НАТО-силите во Авганистан потрошија стотици милиони долари во период подолг од деценија за ерадикација на афионот.

Ова е многу лош, злобен, наивен и чуден напис, кој, покрај сѐ, злоупотребува фотографии во погрешен контекст. Она што зачудува е фактот што тој е комплетно несвојствен за бизнис-порталот на кој е објавен и отскокнува според недостигот на новинарски стандарди од другите написи. Со оглед на сето ова, склони сме да помислиме дека станува збор за некаква грешка зашто секое друго објаснување е многу тешко да се „свари“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

комплетни невистини

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести