verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не е точно дека највисокиот број на новозаразени од почеток на епидемијата е 58

on 1 - 06 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија: 58 новозаразени со Ковид-19 за едно деноноќие, најмногу од почетокот на пандемијата]

Рецензираме текст во којшто се тврди дека се дијагностицирани 58 пациенти со коронавирус во едно деноноќие. Оваа информација не е точна, станува збор за 52 новозаболени. Дополнително се тврди дека највисокиот број на новозаразени е 58, што исто така  е неточно, бидејќи во средината на април има регистрирано 107 случаи во еден ден и тоа досега (30.05.2020) е највисоката бројка. Освен тоа, информацијата е објавена неколку часа пред Министерството за здравство да излезе со официјалната статистика на денот, што значи дека не е базирана на официјални информации.

Линк до оригиналниот напис:58 новозаразени со Ковид-19 за едно деноноќие, најмногу од почетокот на пандемијата

Датум и време на објавување: 29.05.2020, 10:26

Датум на рецензија: 30.05.2020

Рецензент: Мирослава Бурнс

Властите апелираа во текот на епидемијата да се користат само официјални извори  за точно и прецизно  информирање на јавноста за состојбата со пандемијата околу новите бројки, препораки, уредби… Наспроти  тоа, во овој текст уште во насловот (кој подоцна е сменет) неточно се тврди: „58 новозаразени со Ковид-19 за едно деноноќие, најмногу од почетокот на пандемијата“. Потоа истото тврдење е искажано и во содржинскиот дел на текстот

И во екот на заразата со Ковид 19 никогаш досега немало 58 новозаразени во еден ден.Од среда, 27 мај владата го укина полицискиот час кој беше на сила повеќе од два месеци а од вчера работат кафеаните и рестораните по посебни протоколи.

Но, во посочениот ден (29.05.2020), како што подоцна официјално се обелодени, регистрирани се 52 случаи на коронавирус.

Независно дали интенцијата на текстот е да се наметне теза дека укинувањето на полицискиот час и отворањето на кафеаните и рестораните е причинител на зголемениот број на дијагностицирани случаи во денот, но сигурно е дека овие две работи не придонеле за оваа бројка од 52 новозаразени, од причина што инкубацискиот период на вирусот е 14 дена. Значи, овие 52 нови случаи за коишто е известено во текот на денот, се последица на однесување за време на полициски час.

Понатаму, неточно се тврди и дека ,,ова е најголемиот број на новозаразени со Ковид 19 од почетокот на епидемијата кај нас”. На 16.04.2020 година,  е објавена статистика на Институтот за јавно здравје, во која е наведено дека се дијагностицирани рекордни 107 случаи на Ковид 19 во едно деноноќие.

Инаку, подоцна првичниот наслов на текстот: ,,58 новозаразени со Ковид 19 најмногу од почетокот на пандемијата”, е поправен и сега гласи: ,,58 новозаразени со Ковид 19 за едно деноноќие, најмногу по пауза од еден месец”.

Во написот, исто така, се наведува дека во моментот на објавата заседавала Комисијата за заразни болести. Затоа е нејасно зошто тогаш се избрзало да се објави информацијата за дневната статистика, кога таа е евидентно дека се добива секој ден, без исклучок во исто време за сите медиуми. На ваков начин, неточно се информира без да се почекаат официјалните податоци вклучувајќи ги и информациите за околностите кои ја објаснуваат  бројката на новозаболени (исти кластери, прекршувања на решенијата за изолација…).

Да сопменеме и тоа дека овој напис се повикува на друг медиум, наведен е и линк,  ама сепак,  ова не ја намалува неговата одговорност при пласиреањето погрешни информации. Впрочем, должност на новинарот е да ја провери секоја информација пред да ја објави. Тоа е јасно прецизирано во Членот 1 од Кодексот на новинарите во кој, меѓу другото,  е наведено дека:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести