verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не е точно дека Финска ќе воведе работна недела од четири дена

on 10 - 01 - 2020       

[Рајот на земјата: Шест часа работа само четири дена во неделата]

Финска пред неполн месец ја доби најмладата премиерка во светот, Сана Марин, за која се крена голема врева кога беше избрана околу составот на нејзиниот кабинет и за дел од политиките кои сака да ги примени.

Десетици медиуми  деновиве објавија дека новата финска премиерка Марин ќе воведе флексибилно работно време од четири дена во неделата, наместо пет како што е во поголемиот дел од светот. И не само тоа, туку ќе ги намалела и работните часови во денот од 8 на 6. Иако, ова звучи убаво и би сакале да се случи во вашата земја, сепак тоа не се случува ниту во Финска!

Линк до оригиналниот напис: Рајот на земјата: Шест часа работа само четири дена во неделата

Датум и време на објавување: 7.1.2020

Датум на рецензија: 9.1.2020

Рецензент: Симона Атанасова

Оваа вест е лажна. Медиумите во својата објава го цитираат „Дејли Меил“, кој е британски таблоид познат по објавување на шпекулации и непроверени информации. Таблоидот го објавува овој текст и го поткрепува со изјавата на сегашната премиерка дадена во август минатата година кога била министерка за транспорт.

Веста толку многу се прошири што со појаснување мораше да излезе и финската влада.

Во програмата на Финската влада, не се спомнува ништо за 4 дневна работна недела. Прашањето не е на агендата на финската влада. Премиерката Сана Марин на кратко ја престави идејата на панел дискусија минатиот август додека беше министерка за транспорт, и оттогаш нема никаква активност околу ова прашање, се вели во реакцијата од финската влада објавена на Твитер.

Ниту еден од медиумите кои ја објавија информацијата, не го пренесоа појаснувањето од финската влада.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести