verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не е потврдено дека лажната Грета има било каква врска со претходните пранкери

on 29 - 11 - 2019       

[Рецензија: Пранкерите се зажелеле за Заев, па пак му се јавиле: „Порошенко“ се претставил како Грета]

Насловот на написот што го рецензираме е наведувачки и нема врска, односно не соодветствува со текстот, ниту пак, со информацијата. Едноставно, никаде во текстот, или во расположливите информации за овој случај не се вели дека станува збор за истите руски пранкери, кои претходно му се јавија на премиерот.

Линк до оригиналниот напис: Пранкерите се зажелеле за Заев, па пак му се јавиле: „Порошенко“ се претставил како Грета

Датум и време на објавување: 28.11.2019

Датум на рецензирање: 29.11.2019

Рецензент: Ана Анастасовска

Текстот кој е предмет на оваа рецензија, пренесува информација дадена од советникот на премиерот Зоран Заев, Марјан Забрчанец, дека имало хибриден напад врз Kабинетот на премиерот, при што бил злоупотребен идентитетот на младата екоактивистка Грета Тунберг.

Според Забрчанец, манипулаторите употребиле брендирани е-маил адреси и телефонски броеви, и преку официјално барање до македонско дипломатско претставништво успеале да закажат и да реализираат телефонски разговор со премиерот Заев, претставувајќи се како Грета Тунберг и нејзиниот татко.

Како што посочува понатаму текстот, одредени делови од разговорот биле сомнителни за премиерот и за неговите советници, но тој, сепак, одлучил разговорот да оди до крај, со цел да се разоткрие сомнежот.

Веднаш после завршениот разговор, ги направивме сите проверки за верификација на идентитетот на соговорниците, и денес со сигурност можеме да кажеме дека разоткривме хибриден напад врз кабинетот на премиерот. После разоткривањето, стапивме во контакт со семејството на Грета, ги известивме за сите детали, ги известивме дека ќе објавиме во јавност, а од таму добивме одговор дека и тие се многу вознемирени од ваквите вести, дека ќе пријават за злоупотребата до надлежните органи, и дека се многу благодарни што сме ги информирале за оваа злоупотреба – додаде Забрчанец.

Тука доаѓаме до проблемот со насловот. Забрчанец јасно посочи дека овој случај на хибриден напад бил многу пософистициран од случајот со руските пранкери, дека телефонскиот разговор бил закажан со помош на македонска амбасада во странска држава. Но, насловот вели нешто сосема поинакво. „Пранкерите се зажелеле за Заев, па пак му се јавиле: „Порошенко“ се претставил како Грета“. Ова е не е докажано. Забрчанец во ниту еден момент не спомна дека станува збор за руските пранкери, кои претходно му се јавувале на премиерот и се претставувале како поранешниот украински претседател Петро Порошенко. Насловот во случајов како да сака да ги поврзе различните пранкери без докази со цел политички да поентира, односно, да го дискредитира премиерот и неговиот кабинет.

Се разбира, на крај истрагата на Владата може и да покаже дека зад двата случаи на лажно претставување навистина стојат истите луѓе. Може дури и самите пранкери тоа да го признаат и објават. Но, во моментот на објавувањето на рецензираниот напис, за такво нешто нема информации од ниедна страна.

Насловот мора да кореспондира со текстот кој се пренесува и да биде информативен, а не манипулативен како во случајов. Насловот е лицето на текстот, бидејќи голем дел од читателите од него извлекуваат заклучоци, без притоа да го прочитаат текстот.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести