Не е доволно само покренување на прашањата
Објавено во Рецензии
on 27 - 07 - 2015 Автор: Xhenis Sulimani
[Рецензија: Нешто се руши пред Владата?! (ФОТО)]
Јавноста сака целосни информации. Сака да види покренати прашања од новинарите, кои се потврдени и базирани врз факти. Кога новинарот ќе ја исполни ова потреба на читателот, всушност, успеал да ја постигне суштината на својата мисија.
Линк до оригиналниот напис: “Нешто се руши пред Владата?! (ФОТО)”
Датум и време на објавување: 20.07.2015
Датум на рецензија: 22. 07. 2015
Рецензент: Џенис Сулимани
Веста што ја рецензираме информира за некакво градење во предниот дел на владата.
„Неколку градежни машини почнале со рушење во предниот дел на Владата. Во предниот дел од владата се гради заштитна метална ограда за да не се види што се руши. Досега не е објаснето зошто се руши влезниот дел на владината зграда, и дали е ова проектот со кој пто треба да се изгради новата ограда во вредност од 700.000 евра.“
Во текстот со право се покренуваат двојбите за тоа што се гради пред Владата и за вредноста на објектот, прашања кои се од општ јавен интерес. Јавноста треба да биде информирана бидејќи се трошат народни пари. Меѓутоа, за веста да биде целосна, новинарот треба да има целосна информација. Ако институциите не ги даваат бараните информации, тогаш тоа треба да се наведе и само тогаш текстот може да се остави без целосни информации. Во таков случај, веста е нецелосна бидејќи само се покренуваат прашањата, а недостига нивна проверка, како и ставот на другата страна.
Колку и да е релевантна една информација, доколку останува само на претпоставки, таа останува нецелосна и остава простор за погрешно интерпретирање.
Професионалните стандарди на новинарството велат дека медиумите и новинарот не треба да бидат еднострани и тенденциозни.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови