verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Навреди, вулгарности и омраза во само една реченица!

on 18 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

n.glas

[Реценција: (ФОТО) ВО ОЛКУ МНОГУ ИСФРЛЕНО ТУМОР И ЛАЈНА НА ЕДНА МАСА НЕМА НИ ВО НАЈГОЛЕМИТЕ СЕПТИЧКИ ЈАМИ И КОНТЕЈНЕРИ ПО ИЗВРШЕНА ПАТОЛОШКА АНАЛИЗА]

 

 

Објавата е надвор од сите новинарски стандарди, не само според формата, туку и според речникот што се користи. Во само една реченица, може да се забележи повеќекратно кршење на професионалните новинарски стандарди.
Народен ГласЛинк до оригиналниот напис: (ФОТО) ВО ОЛКУ МНОГУ ИСФРЛЕНО ТУМОР И ЛАЈНА НА ЕДНА МАСА НЕМА НИ ВО НАЈГОЛЕМИТЕ СЕПТИЧКИ ЈАМИ И КОНТЕЈНЕРИ ПО ИЗВРШЕНА ПАТОЛОШКА АНАЛИЗА 

Датум и време на објавување: 14.07. 2016

Датум на рецензирање: 18. 07. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ПРИМИТИВИЗАМ

Употребата на терминот „новинарски напис“ за објавата што ја рецензираме е сосема несоодветна бидејќи речникот кој е употребен е крајно вулгарен, етикетирачки и полн со омраза.

Според формата, „принудно“ би ја ставиле во категоријата фото-вест, но ако се погледне навредливиот говор, таа не е соодветна да се објави ниту на социјалните мрежи, а не, пак, во медиум.

Во написот нема никаква содржина, односно соодветен опис карактеристичен за фото-вестите, како, на пример: каде е направена фотографијата, во која пригода, како  и именување на личностите кои се прикажани на фотографијата. Недоличниот вокабулар и недостигот од содржина укажуваат дека единствена поента на оваа објава е да ги оцрни и да ги омаловажи личностите на фотографијата. Ваквиот впечаток  го засилуваат и двете илустрации со навредливи пораки.

Исто така, не е наведен изворот ниту на главната ниту, пак, на другите фотографии, што се коси со новинарските стандарди.

Написот е спротивен на Кодексот на новинарите, кој предвидува новинарите да обезбедат професионална дистанца и при информирањето да не употребуваат говор на омразата, да не навредуваат и да не дискриминираат, вклучувајќи и колеги новинари.

Член 4
Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.

Член 10

Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа.

Член 13
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Член 15
Новинарот мора да ги негува културата на говорот и етиката. Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

Член 16
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести