verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Навивачки „осврт“ за лидерскиот ТВ дуел во корист на Мицкоски

on 7 - 07 - 2020       

Фото: Илустрација


[Рецензија:Решително и директно во очи, Мицкоски му одржа лекција на Заев]

Телевизискиот дуел помеѓу двајцата претенденти за премиерското столче, лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски предизвика дел од порталите за време и по дуелот, да тераат пропаганда со засилено темпо на објави, најчесто во корист на лидерот на опозицијата.

Линк до оригиналниот напис: Решително и директно во очи, Мицкоски му одржа лекција на Заев

Датум и време на објавување: 06.06.2020

Датум на рецензија: 07.07.2020

Рецензент: Симона Атанасова

Еден таков напис е овој што го рецензираме. Текстот е напишан како да се работи за фудбалски натпревар, а не предизборен дуел на двајца кандидати за премиер. Низ целиот напис провејува навивачка атмосфера во корист на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, па дури на крајот завршува со резултат 2:0 во корист на Мицкоски! Воопшто не е јасно како е добиен баш ваков „резултат“.

Текстот освен што е навивачки, е целосно коментаторски. Изнесени се лични ставови на оној кој го пишувал текстот (авторот не е потпишан), без притоа да се дадат уверливи докази дека тврдењата се точни и проверени.

Употребени се еднострани заклучоци уште од самиот наслов кој сензационалистички тврди дека Мицкоски му одржал лекција на Заев. Ама каква лекција и како му ја одржал, тоа во текстот не е елаборирано. Па иако насловот манупулативно виси тој се споделува за да привлече внимание и кликови.

Целиот напис е тенденциозно напишан во насока на  дискредитација на Заев, а величење на Мицковски.

„Убедливо“, „сигурно“, „решително“, „директно“ се епитетите употребени за перформансот на Мицковски, а за Заев се коментира дека бил „неуверлив“, „несигурен“, „давеник кој бара сламка за спас“.

Во текстот се вели дека овие заклучоци се донесени врз основа на коментарите на социјалните мрежи, но во текстот не е приложен ниту еден единствен коментар од социјалните мрежи од којшто може да се заклучи дека ова е реалната ситуација.

Но, дури и на социјалните мрежи навистина да постојат вакви коментари тоа не е медотологија по којашто може да се измери (не)успешниот перформанс во телевизиска дебата. Сепак, на крајот граѓаните имаат механизам преку кој можат да одлучат кој бил поуверлив во предизборните излагања. Тој механизам се изборите кои  ќе се одржат на 15 јули. Само тој став на граѓаните е релевантен и меродавен, а не коментари на социјалните мрежи каде што секој може да напише што сака.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести