verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Насловот не треба да информира погрешно

on 21 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: НДП отворена за соработка со ДПА]

 

Медиумите имаат голема одговорност за точно информирање на јавноста, притоа оставајќи што помалку простор за недоразбирање или погрешно толкување. Текстот што го рецензираме е коректен и содржи обична информација од состанокот на партиското претседателтво на НДП, притоа пренесувајќи го целосно нивното соопштение од состанокот. Меѓутоа, насловот не е прецизиран до крај и остава голем простор за да се сфати погрешно од читателите.

RDK e hapur për bashkëpunim me PDSH në   Shqipmedia

Линк до оригиналниот наслов: Рецензија: НДП отворена за соработка со ДПА

Датум и време на објавување: 07.07.2015

Датум на рецензијата: 16.07.2015

Рецензент: Бењамин Арифи

Насловот, така како што е формулиран, остава простор да не се разбере правилно и може да создаде конфузија кај читателите. Во ниту еден ред, ниту во веста, ниту во соопштението на НДП, не се вели дека НДП е спремна да соработува до ДПА, туку се работи за соработка со Движењето за реформи во ДПА, кое  е сосема друг политички субјект.

„Веднаш после повикот за коалиција, кој што го направи лидерот на ДПА, Мендух Тачи, НДП одржа состанок на Централното претседателство каде што е одлучено да се изготви и да се потпише платформа со Движењето за Реформи во ДПА, а потоа ќе биде отворена за соработка со сите други политички субјекти, пренесува Шќипмедиа.“

Ваквиот наслов е уште поконфузен кога се има предвид дека доаѓа само еден ден по изјавата на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, дека ќе побара коалиција со НДП и со Движењето Беса.

Медиумите не треба да ја заборават нивната примарна мисија, правилното и точно информирање на своите читатели. За да ја исполнат ова мисија, треба што е можно повеќе да избегнуваат наслови и реченици со повеќе значења, за да не остават простор читателите погрешно да ја толкуваат веста.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

лажни информации

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести