Наслов со сензации и со манипулации, текст без факти и со шпекулации
Објавено во Рецензии
on 13 - 06 - 2016 Автор: Benjamin Arifi
Напис: Обвинителката Фетаи утре во 11:00 ќе каже кои политичари Aлбанци и Mакедонци ќе бидат уапсени
Специјалната обвинителка, Катица Јавена, во придружба на обвинителката Фатиме Фетаи, ќе го објави обвинителниот акт и најновите истраги што ги вршело ова обвинителство против тројца политичари во Македонија, пишува „Журнал“.
Неофицијално дознаваме дека СЈО ќе поднесе обвинителен акт за неколку политичари што во последните 10 години извршиле кривични дела и го оштетиле државниот буџет, при што не се исклучува можноста тие да се Aлбанци.
Сè уште не се знае дали се работи за политичари Aлбанци или Mакедонци. „Журнал“ утре од 11 часот ќе ви ги пренесе најновите информации од вонредната прес-конференција на СЈО.
Досега СЈО ги објави аферите „Титаник“, „Тврдина“, „Тортура“ и „Транспортер“.
Неофицијално се дознава дека се рабори за злоупотреби на тендери во неколку министерства и во други државни институции.
[Рецензија:Обвинителката Фетаи утре во 11:00 ќе каже кои политичари Aлбанци и Mакедонци ќе бидат уапсени]
Манипулациите во насловот за придобивање читатели, за жал, зеле замав во интернет-новинарството. Речиси секој ден се соочуваме со бомбастични наслови, кои го привлекуваат вниманието на читателите, но ако се навлезе во текстот, гледаме едно „ништо“ од тоа што е најавено во насловот. Таков е случајот со содржината што ја рецензираме, која најавува дека ќе се случи нешто големо, но во суштина не нуди ниеден аргумент со кој би се поддржале тврдењата. Во Прирачникот за етика во новинарството на ЗНМ се вели дека „насловот или најавата на трудот мора да биде во хармонија со неговата содржина“.
Линк до оригиналниот напис: Обвинителката Фетаи утре во 11:00 ќе каже кои политичари Албанци и Македонци ќе бидат уапсени
Датум и време на објавување: 05.06.2016
Датум на рецензирање: 08.06.2016
Рецензент: Бењамин Арифи
„Специјалната обвинителка, Катица Јавена, во придружба на обвинителката Фатиме Фетаи, ќе го објави обвинителниот акт и најновите истраги што ги вршело ова обвинителство против тројца политичари во Македонија…“
Авторот на текстот не кажал со што ги поддржува своите тврдења, тоа дека ќе има прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство и потоа дека бројот на политичарите за кои ќе се поднесе обвинителен акт е три, па дури и дека меѓу нив ќе има и политичари Албанци. Утредента веста беше демантирана. Специјалното обвинителство не одржа „вонредна“ прес-конференција, како што се тврдеше во овој напис.
Ништо не предизвикува поголемо губење довербата на читателите кон еден медиум отколку ширењето непотврдени информации. Поради оваа причина, новинарот е обврзан да дава точни информации.
„Точноста на информацијата треба да се верифицира колку што е можно повеќе“, стои во Кодексот за етика на новинарите. Бидејќи станува збор за Специјалното обвинителство, тогаш, пред да се објави информацијата, требало да се контактира со Специјалното обвинителство за да се потврди информацијата дека утредента навистина ќе се одржи прес-конференција и дека од ова обвинителство ќе се објави друг случај. Меѓутоа, во текстот не се наведува дали е побарана потврда за информацијата или дали барем имало обид да се направи ова.
Освен што го промашил целосно терминот на прес-конференцијата, новинарот навлегол и во детали, пишувајќи дека ќе се истражат и албански политичари, иако се знае дека истрагите на Специјалното обвинителство се тајни и секое такво предвидување е едноставно шпекулација.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Не
извртување на вистина (спин)
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
не апликативно
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови