verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наслов без потврда во текстот

on 3 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #052 - 'Ali Ahmeti detyroi Nikolla Gruevskin të bëjë marrëveshje' - www_zhurnal_mk_content__id=162248595957

Напис: Али Ахмети го натера Никола Груевски да направи договор

Скопје, 24 февруари – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ околу еден часот по полноќ, одржа прес-конференција во седиштето на оваа партија. Конференцијата следуваше по гласањето во Собрание, каде што мнозинството пратеници ја одобрија промената на одлуката за распуштање на Собранието, со што новиот датум се помести за 7 април.

Меѓу другото, Груевски рече дека пред да прифати да гласа во Собрание, бил силно убеден од страна на ДУИ дека на 5 јуни ќе одат на избори со или без СДСМ.

Со ова тврдење, Груевски ја покажа политичката сила на паријата на Али Ахмети, која како што изгледа, имала пресудно влијание за да го поттурне Груевски во компромис.

„Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа донесе одлука наместо на 24 април, изборите да се одржат на 5 јуни“, изјави на прес-конференцијата по полноќ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

По постигнување на договорот, прв лидер што ѝ се обрати на јавноста беше лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој преку својот профил на „Фејсбук“ потврди дека изборите ќе се одржат на 5 јуни.

„Се ближи 5 јуни, еден многу важен датум за сите нас, датумот на основањето на Демократската унија за интеграција како субјект наследник на Ослободителната национална армија. Овие 14 години бевме секогаш заедно и успешно се соочивме со сите предизвици и постигнавме многу во сите општествени сфери, но, истовремено, пред нас претстои уште многу работа, која уште еднаш ќе ја оствариме заедно. Ова наша годишнина на 5 јуни ќе биде уште поважна, затоа што доаѓа во околности полни со предизвици и токму затоа посакувам да нè најде подготвени и здружени за да го продолжиме патот кон нашата мисија“, пишува на „Фејсбук“ лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

[Рецензија: „Али Ахмети го натера Никола Груевски да направи договор“]

Непристрасност и објективно известување за настаните од јавен интерес се првите лекции на професионалното новинарство. Пристрасноста во новинарските текстови е убиствена за професионализмот.

 

downloadЛинк до оригиналниот напис:Али Ахмети го натера Никола Груевски да направи договор

Датум и време на објавување: 24.02.2016

Датум на рецензирање: 25.02.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Рецензираниот текст почнува со наслов што не се потврдува во ниту еден дел од текстот. „Али Ахмети го натера Никола Груевски да направи договор“, пишува во насловот кој не се совпаѓа со реалноста и со последните случувања во земјава, а ова е многу јасно за тие што ги следеа случувањата од 23 февруари.  Промената на ставовите на партиите за датумот на изборите дојде како резултат на процената од меѓународните посредници за немање соодветни услови.

„Меѓу другото, Груевски рече дека пред да прифати да гласа во Собрание, бил силно убеден од страна на ДУИ дека на 5 јуни ќе одат на избори со или без СДСМ. Со ова тврдење, Груевски ја покажа политичката сила на паријата на Али Ахмети, која како што изгледа имала пресудно влијание за да го поттурне Груевски во компромис.“

Процената дека „Груевски ја покажа политичката сила на партијата на Али Ахмети“ е лично и субјективно мислење на авторот. На овој начин, преку политичка пропаганда, тој се обидел да ја камуфлира вистината, давајќи му „заслуга“ на лидерот на ДУИ. На овој начин текстот станува емотивен, едностран, необјективен и пропагандистички. Сето ова е спротивно на професионалните норми.

За текстот да биде  непристрасен, треба да се има факти, а не мислење или процена, бидејќи јавноста прво сака да знае за информацијата, а не за мислењето на новинарите. Новинарот треба да обезбеди професионално растојание од политичките субјекти и од партиските лидери.

Задача на новинарот е објективното известување.

Во Прирачникот за етика во новинарството пишува:

Како секој граѓанин, и новинарот има право да ги има своите политички ставови, но при вршење на својата професија тој треба да остане објективен.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести