verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Написот не треба да го насочува читателот како да ги протолкува настаните

on 12 - 08 - 2015       

[Рецензија: Дали ИВЗ го подржува ДУИ за продажбата на Бурмали Џамија?]

Новинарот во своите текстови и вести третира дилеми и прашања во интерес на јавноста. Преку овој процес новинарот ја насочува јавноста кон фактите за потоа таа самата да извлече заклучоци.

Во рецензираниот текст, уште од самиот наслов е очигледна намерата на авторот да ја насочи јавноста кон еден одреден став. Новинарот, со право, можеше да го постави прашањето зошто поглаварот на ИВЗ си зема должност да ги „одбрани гласовите“. Такво нешто ниту му следува и ниту би требало да биде дел од неговата функција.

A po e përkrahë BFI ja BDI në  që e shiti Burmalinë    Ditari.mk   Rigjistri i lajmitЛинк до оригиналниот текст: Дали ИВЗ го подржува ДУИ за продажбата на Бурмали Џамија?

Датум и време на објавување:

Датум на рецензија: 10.08.2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Во една секуларна држава, каква што настојува да биде Македонија, верата е поделена од државата. Поради ова, по изјавите дадени од поглаварот на ИВЗ, Сулејман ефенди Реџепи, новинарот своите прашања требаше да им ги постави на челниците на ИВЗ. Сулејман ефенди Реџепи во Гостивар изјави:

„Исламската заедница, сите мои пријатели и колеги, без разлика на кој пол му припаѓаат, машки или женски, нашиот народ секогаш треба да нè смета за една нескршлива војска, враќање назад нема. Секаде, сите тие што нè водат во сите сфери на животот, секаде каде што се управува на бериќетен начин, таму треба да биде Исламската заедница. Ние со нашите политички гласови сме му ја дале довербата некому да нè води од политички и административен аспект, и тоа се вика вердикт на овој народ. Се колнам во Господ, ако кој било сака да стави рака врз овој вердикт, Исламска заедница ќе биде насекаде каде што ќе има потреба, само за да го одбрани легитимитетот и волјата на народот за една подобра иднина“, рече Реџепи.

Но, и покрај директните прашања, текстот повеќе носи заклучоци, па дури и истите ги надоврзува со едно прашање кое беше актуелно пред некое време, прашањето за Бурмали-џамијата.

Напишана на конфузен начин и без соодветните елементи, ова вест се толкува како тенденциозна, додека, пак, покренатите прашања се легитимни.

За да биде според новинарските стандарди, веста требаше да ги содржи одговорите на челниците на ИВЗ, потоа на политичките субјекти, како и да даде едно резиме на сите аргументи.

Вака ова вест останува нејасна и изгледа како со сила да се надоврзува на едно сосема друго прашање.

Сосема е непотребно текстот да ја насочува јавноста кон тоа како да ги протолкува настаните. Самото презентирање на аргументите на професионален начин кој ги опфаќа сите страни, на читателот му дава јасна слика за горенаведените настани.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести