verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Напад сведен на нивото на нападнатиот

on 12 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Naroden glas za Milenko

 

 

[Рецензија: (ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЕВЕ КАДЕ ОДИ ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА ПЉАЧКА НА БУЏЕТОТ ОД СТРАНА НА ГРУЈО И САШО МИЈАЛКОВ, МИЛЕНКО ГО ШИРИ СВОЕТО ЛЕГЛО НА ШАРПЛАНИНЦИ, СЕГА ОСТАНУВА УШТЕ ДА ПРОВЕРИМЕ КОЛКАВО ЛИ Е ЛЕГЛОТО СО КОЗИТЕ ПА ДАЛИ И ТОА СЕ ПРОШИРИЛО ЗА НЕКОЈА КОЗА ПЛУС И МЕТАР КВАДРАТЕН ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ]

 

Објавава не заслужува да се нарече напис, а уште помалку новинарски. Во неа се изнесени бројни навреди, податоци без поткрепа, а единствената цел е да го нападне Миленко Неделковски.

 

milenkoЛинк до оригиналниот напис: (ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЕВЕ КАДЕ ОДИ ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА ПЉАЧКА НА БУЏЕТОТ ОД СТРАНА НА ГРУЈО И САШО МИЈАЛКОВ, МИЛЕНКО ГО ШИРИ СВОЕТО ЛЕГЛО НА ШАРПЛАНИНЦИ, СЕГА ОСТАНУВА УШТЕ ДА ПРОВЕРИМЕ КОЛКАВО ЛИ Е ЛЕГЛОТО СО КОЗИТЕ ПА ДАЛИ И ТОА СЕ ПРОШИРИЛО ЗА НЕКОЈА КОЗА ПЛУС И МЕТАР КВАДРАТЕН ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ

Датум и време на објавување: 19.07. 2016

Датум на рецензирање: 12. 08. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

НАСЛОВ ШТО НАЈАВУВА – НИШТО!

Насловот е предолг и во него се изнесуваат податоци, кои никаде во текстот не се поткрепуваат со докази.

„Еве како изгледа класично скопско педерче кое плаќа аргати за 500 денари да рмбаат по тоа ранчот негов и за да може да го шета тоа мевот по ридовите со приколица на 4 тркала кој со помош на државните субвенции од страна на владата ги размножува шарпланинците во своето легло накај Градско. Миленко поседува огромен број на метри квадратни државно земјиште, за кое еден ден има да го исплука од тоа газот брадест негов режимски“.

Целосно погледнат, текстот повеќе наликува на чаршиски муабет отколку на издржан текст, кој се темели на факти и на докази. Никаде не се наведуваат изворот на информациите ниту, пак, се прави обид тие да бидат потврдени или негирани  од лицето за кое се однесува објавата. Според формата, објавата не може да се класифицира во ниту една категорија. Иако има фотографии, не претставува фото-вест, а не е ниту колумна, ниту коментар.

Што се однесува на јазикот што се користи во самиот текст, тој е ист како тој што го користи и самиот Миленко Неделковски во своите емисии и објави на социјалните медиуми и на својот блог: навреди, пцости, вулгарности и говор на омраза. Иако, народски кажано, Неделковски е „удрен со свој камен по глава“, сепак ваков речник не е соодветен за новинарски текст и се коси со Кодексот на новинари.

Новинарите, пред сè, треба да пренесуваат информации, идеи и мислења и имаат право да коментираат, но притоа не смеат да го употребуваат говорот на омразата, да навредуваат и да дискриминираат, особено не колеги новинари, без разлика дали тие не ги почитувале новинарските стандарди.

Написот се коси со повеќе членови од Кодексот на новинари:

Член 1

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Член 2

Ако новинарот е спречен да дојде до бараната информација, има право за тоа да ја информира јавноста.

Член 4

Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.

Член 10

Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа.

Член 13

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Член 15

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

Член 16

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за најнови вести