verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наместо новинарство, пропаганда против пратеникот Кахрeмани

on 29 - 01 - 2020       

Новинарскиот напис треба да ги разјасни дилемите околу насловот, а не да ги додаде. Ако се додадат дилемите во написот и се однесуваат на државни службеници, политичари и пратеници, тогаш немаме објективно известување, туку пропаганда против апострофирани лица. И во написот што го разгледуваме, спроведена е пропаганда против пратеникот Неџбедин Кахремани

TetovaSot: Nexhbedin Kahremani bojkoton Alternativen në Tetovë, a do kthej mandatin e deputetit në Lëvizjen BESA?
ТетоваСот:„Неџбедин Кахремани ја бојкотира Алтернатива во Тетово, дали ќе го врати пратеничкиот мандат во Движењето Беса?„

Линк до оригиналниот напис: „Неџбедин Кахремани ја бојкотира Алтернатива во Тетово, дали ќе го врати пратеничкиот мандат во Движењето Беса“  “Nexhbedin Kahremani bojkoton Alternativen në Tetovë, a do kthej mandatin e deputetit në Lëvizjen BESA?”

Датум на објавување: Нема датум

Датум на рецензија: 17.12.2019

Рецензнет: Фатбарда Цури

Наслов и текст што ги множи дилемите

Засегнатиот медиум отвора дилема уште во насловот. Тој подоцна истото го сторил во написот. Ако авторот има дилеми, најмалку што треба да се стори е да се обиде да одговори на нив со обезбедување верификација од разни извори и соодветен материјал. Не е прифатливо еден напис да отвори дилеми и да не се обидува да одговори на истите.

„Вчера Алтернативата на Африм Гаши го одржа собранието на Младинскиот форум во Тетово, каде го избра и претседателот на младите, Афан Елези од Гостивар. Она што беше впечатливо за време на вчерашната вечер, беше отсуството на пратеникот, Неџбедин Кахремани, кој очигледно ја бојкотира Алтернативата на Африм Гаши“, се вели во првиот дел од написот.

Манипулација со јавноста

Ако се продолжи читањето, јасно е дека медиумот остварил и пропаганда против пратеникот Неџбедин Кахремани. Ова може да се види во делот каде се вели дека се очекува да го врати мандатот во наредните денови. Факт е дека медиумот не се обидел да стапи во контакт ниту со Кахремани, ниту со партијата, прво да прашаат зошто тој не бил присутен на Младинскиот форум во Тетово, потоа дали ќе го предаде мандатот на Движењето Беса, а тврди дека пратеникот ќе го врати мандатот во следните денови. Ако новинарот сепак го сторил тоа, но не добил одговор, тој или таа мора да ја извести јавноста.

„Ако на новинарот му е забранет пристап до бараната информација, тој има право за тоа да ја извести јавноста“, се вели во Етичкиот кодекс.

Медиумот сепак ја манипулирал јавноста, бидејќи во написот може да се забележи употребата на концептите за манипулација: „Селективни докази“ и „Аргументи против лицето“.

Со употреба на „Селективно докажување“, медиумот се обидува да покаже факти кои го поддржуваат тврдењето и во исто време, игнорираат факти кои се против истото, додека „Аргументите против лицето“ подразбираат тенденција за напад врз лицето со тенденција, во случајов пратеникот Кахремани.

Пропаганда против Кахремани

Гледајќи дека медиумот се обидувал да создаде убедување дека постои незадоволство меѓу Кахремани и Алтернативата, што ќе резултира со враќање на пратеничкиот мандат, цениме дека со статијата се прави и пропаганда против Кахремани.

И за тоа, во Прирачникот на Критинк за борба и откривање на дезинформации, со цел да се поттикне и да се развие критичко размислување, се вели:

„Информациите или информативните пакети кои не се објективни и се користат за да влијаат врз размислувањето или однесувањето на луѓето во исполнувањето на некоја агенда (политичка, корпоративна, итн.) се пропаганда. Пропагандата обично користи емотивна, отколку рационална порака. Постојат многу видови и под типови на пропаганда, но вообичаено е да се поделат на политички, религиозни и трговски“, се вели во Прирачникот за Критинк.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести