verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наместо извештај од судско рочиште, тенденциозен коментар

on 24 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

kurir

[Рецензија: БРУКА: Катица и Фатиме правеа театар во Судот, судијата ги казнуваше, тие се фалеа дека ќе плати народот]

 

Текстот што го рецензираме е полн со коментари и со неиздржани квалификации  и обвинувања на сметка на специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи. Ваков нагласено тенденциозен пристап се забележува уште во самиот наслов. Написот, инаку, треба да претставува извештај од судското рочиште за случајот со насилството во Општина Центар, но наместо тоа  на читателите им е понуден едностран коментаторски скроен материјал во кој се ставени на удар двете обвинителки.

БРУКА Катица и Фатиме правеа театар во Судот судијата ги казнуваше тие се фалеа дека ќе плати народот Kurir.mkЛинк до оригиналниот написБРУКА: Катица и Фатиме правеа театар во Судот, судијата ги казнуваше, тие се фалеа дека ќе плати народот

Датум и време на објавување: 22.02.2017

Датум на рецензирање: 24.02.2017

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НЕДОСТИГА АРГУМЕНТАЦИЈА

„Фрапантно и скандалозно однесување на специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи на проодлжението од судското рочиште за случајот „насилство во Општина Центар“. Јанева и Фетаи на денешната расправа и претрес во Судот сакаа да направат театар, преку постојано прекинување и лични навреди кон судијата и Судот“.

Но, подолу во написот нема ништо конкретно на што се однесува таквото „фрапантно и скандалозно“ однесување на обвинителките. Не е објаснето во што се состоел „театарот на Јанева и Фетаи“. Тоа е само така нафрлено без никакви аргументи.

„Уште незапочнато судењето, тие без да им се даде збор почнаа да го навредуваат Судот со навредливи зборови“.

Се спомнува дека го навредувале судот, но повторно нема посочено на што точно се мисли и кои се навредите што двете обвинителки ги упатиле.

 

 

БЕЗ ВТОРА СТРАНА

Во написот ја нема втората страна на приказната, односно која била причината што Јанева и Фетаи ја прекинувале судијката и изразиле незадоволство од нејзината работа. Имено, како што пренесоа другите медиуми, специјалните обвинителки ја обвиниле судијката Михајлова дека го фалсификувала записникот од претходното рочиште.

Подолу написот ги обвинува Фетаи и Јанева дека се фалеле дека казната што им ја одреди судијката, ќе ја плателе со народни пари и дека со тоа ќе направеле злоупотреба.

„Со самата пофалба пред Судот дека казната ќе ја платат со буџетот од државата доделен на располагање на СЈО, тие практично признаваат злоупотреба, бидејќи лична казна не може да се плаќа со народни пари“.

Кога се казнува обвинител, логично е дека обвинителството ќе ја плати казната. Во написов недостига укажувањето на Фетаи по однос на казните.

„Ова се пари од нашиот заеднички државен буџет, судија, рече Фетаи“, пренесе „Фокус“.

Текстот е едностран, коментаторски и гледано во целина тој се коси со стандардите на добрата новинарска практика.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести