verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наместо информација – пропагандна порака : СДСМ не чини!

on 19 - 09 - 2016       

fireshot-capture-36-sdsm-predizvika-incident-vo-sobranieto_-http___kurir-mk_makedonija_vesti_s
Од текстот што е предмет на рецензија не може да се разбере ништо во врска со надзорната расправа за поплавите што требаше да се одржи во Собранието, освен дека истата е одложена поради бурните реакции на претеникот на СДСМ, Горан Сугаревски. Во написот, практично, воопшто не покажано зошто е важно расправата да се одржи, што требало да се расправа, туку однесувањето на пратеникот е искористено за да се напише еден коментаторски текст за оцрнување на опозицијата.

Неодамна пратениците на СДСМ побараа, а ВМРО-ДПМНЕ се согласи, во Собранието да има надзорна расправа за поплавите на која требаше да се утврдуваат пропустите што ги направиле институциите во однос на заштита од поплави и со тоа предизвикале огромни штети врз населението. Опозицијата бара институционална одговорност за последиците од поплавите.

nadzorna-rasprava

 

Линк до оригиналниот наслов: СДСМ предизвика инцидент во Собранието (ВИДЕО)

Датум и време на објавување: 16.09.2016

Датум на рецензија: 19.09.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ЕДНОСТРАНОСТ И НЕСЕОПФАТНОСТ

На почетокот на текстот се упатуваат лични навреди кон пратеникот на опозицијата Сугаревски и притоа тој е лошиот, а пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, е добриот, бидејќи, според текстот, тој се обидувал „да ја смири ситуацијата на човечки начин“.

„Сугаревски, препознатлив по избувливиот карактер и по тоа што најчесто урла наместо да зборува и оддава впечаток на човек кој има посериозни проблеми, демонстративно напуштајќи ја салата започна да мафта со рацете и да му вика во лице на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски кој имаше намера да го смири и да разговараат на човечки начин“.

Во овој дел од текстот, се објаснува зошто, всушност, настанал инцидентот (бидејќи опозицијата сакала да го ограничи времето на говор, а од владејачката партија не се согласувале), но повторно не се дава информација зошто е свикана оваа надзорна расправа и кои се барањата на опозицијата. Притоа, наместо да се навлезе во суштината на проблематиката, текстот лепи лесни квалификации од типот правење „медиумски циркуз“, како и „манипулирање на јавноста“ од страна на СДСМ.

„Надзорната расправа фактички не го доживеа ни својот почеток бидејќи СДСМ не беше дојдена да расправа и да се дознае вистината, туку да прави медиумски спектакл. Ова јасно се гледа од обидот на СДСМ временски да го ограничи правото на говор и одговор на испитаниците во расправата. Многу често опозицијата преку обиди за „медиумски циркуз“ се обидувала да ја манипулира јавноста и да ја извртува вистината, а тоа овој пат беше пресретнато и препознаено од останатите пратеници“.

 

БЕЗ ДОКАЗИ

За следниот дел од написот не се нудат никакви докази, односно нема изјави од граѓани ниту, пак, од понуденото во текстот може да се утврди вистинитоста на тврдењето за однесување на советниците на СДСМ во општина Гази Баба, кои, наводно, гласале „против субвенционирано чистење на одводните канали во оваа скопска општина“.

„Граѓаните коментираат дека пратениците на СДСМ се нервозни затоа што обиколницата за која се кршат копја дали имала удел во поплавите е проектирана во нивно време, како и за тоа дека советниците на СДСМ во општина Гази Баба редовно гласале против субвенционирано чистење на одводните канали во оваа скопска општина“.

Текстот што е предмет на рецензија е едностран и не задоволува минимално ниво на информативност. Се провлекува политичка пристрасност и коментари кои се интегрирани во написот, иако станува збор за текст чијашто интенција е да биде информативен. Исто така, застапен е и дискредитирачки говор кон пратеник на опозицијата, чиешто однесување е искористено за да се покаже дека СДСМ не чини како партија.

Улогата на медиумот не е да дава квалификации за тоа што е исправно, а што не е и да им суди на избраници на парламентарни избори, туку едноставно да информира детално, а потоа јавноста може да носи заклучоци. Медиумот може, ако е таква уредувачката ориентација, и да коментира и да анализира, но тоа треба да го прави одвоено од информативната содржина, со јасни назнаки за каков тип напис станува збор.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести