verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наменски сечена и кроена анкета

on 30 - 11 - 2016       

puls-24

[Рецензија: Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ дури и според анкетата на Телма]

 

Злоупотреба на бројки од анкета за партиски цели, притоа силно потпирајќи се на етнички компоненти. Тоа ни се „продава“ во ова четиво кое преку игра на проценти сака да пласира тези кои, за жал, кумуваат со реториката на владејачката партија во оваа предизборна кампања – за некакво си велепредавство на опозицијата. Селективно и строго наменски се пренесуваат само одредени делови од опсежното истражување, заради, прептоставувам, нечии преференци.

 1111Линк до оригиналниот напис: Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ дури и според анкетата на Телма

Датум и време на објавување: 25.11.2016,  21:37

Датум на рецензирање: 28.11.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

  

 ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА

Непристоен плагијат со обид за создавање мешаница во главата на читателите преку селективно пренесување на строго избрани делови од анкета за партискиот рејтинг во пресрет на изборите на 11 декември. Да разјасниме, станува збор за сериозно истражување на јавното мислење, кое ни се „пакува“ во неколку редови и притоа се прави некаква си аналогија со претходните изборни циклуси, која и на хартија „не држи вода“.  

Во текстот намерно се форсира расположението на јавното мислење по етничка линија кое покажува поголема разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Поточно, засилено се пренесува само како македонскиот електорат би гласал, а се маргинализира вкупното гласачко тело со сите заедници. Мотивот зошто е тоа така е повеќе од јасен. Истовремено се задаваат два удара – прво, се прикажува дека власта води повеќе процентни поени пред опозицијата, а тоа не е вистина, и второ, се бележи опозицијата како „играч за Албанците“, зашто, наводно, ветувала расподажба на националните интереси.

За делот на рејтинзите, анкетата која се цитира покажува вкупна разлика од 4,8 процентни поени, а не од 8,5 според етничка категоризација, која упорно се покажува како главен фактор во написот. Значи, да, ВМРО-ДПМНЕ има предност пред опозицијата, ама не толкава како што се прикажува во текстот зашто тоа е само еден сегмент, строго селективно издвоен како најважен. Релевантен е, ама не е главниот и вистинскиот показател за реалниот сооднос на силите на теренот. 

Другиот аспект кој, исто така, е проблематичен, е „разгласувањето“ дека некој со некого „шурува“ на сметка на државните интереси.

„Единствена надеж за пристоен пораз на СДСМ се Албанците и токму затоа СДСМ се ослонуваат на Албанците ветувајќи распродажба на државните интереси“.

Како да слушаме митинзи на ВМРО-ДПМНЕ:

„Го продадовте Кичево, нема да ви заборавиме, нема да не скршите не се предаваме. Го продадовте Кичево ја продадовте Струга, овој народ нема да ви дозволи да ја продадете Република Македонија. Сите на 11-ти декември ќе станеме заедно да си ја одбраниме нашата единствена држава, порача носителот на листата во ИЕ5, Антонио Милошоски“. (26.11.2016)

Впечаток е дека нема граница меѓу заклучоците во овој напис и позициите на владејачката партија.

Да не го изумиме и етикетирањето – текстот тврди дека телевизијата што ја објави анкетата била опозициска. За вакво нерагументирано тврдење и нечие фарбање со партиски бои, во нормално уредени држави паѓаат тужби.

 

„БАБА ВАНЃА“ ФЕНОМЕН

И за крај се дава прогоноза која се темели врз анектата на истата организација направена пред изборите во 2014година која, како што се тврди, промашила за речиси 6 отсто, односно половина, и дека истото може да се очекува и сега во 2016 година. Па, дури се дава и конкретна бројка од разлика од 160.000 гласови за сметка на ВМРО-ДПМНЕ. Неверојатно!

Се зема истражување старо две години, се посочува дека било непрецизно и се тврди дека и сега истото ќе се повтори нова убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ. Нема што, предвидување на кое би позавидела и баба Ванѓа!   


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести