verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Накриво насаден текст, а згора и плагијат!

on 11 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Puls 24 studentsi izbori

 

[Рецензија: Студентскиот пленум дезинформира- седница на Сенат нема да има]

 

Накриво насаден текст: настрана што содржински е исклучително проблематичен, туку е и очигледно 100 проценти преземен напис, а тоа никаде не е наведено. Значи, плагијат.

 

 

11111Линк до оригиналниот напис: Студентскиот пленум дезинформира- седница на Сенат нема да има

 Датум и време на објавување: 05.07.2016 21:18

 Датум на рецензирање: 08.07.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

ЕМ ПАРТИСКИ СПИН, ЕМ ПЛАГИЈАТОРСКИ „ТРУД“

Кажавме, имаме работа со материјал со два клучна проблеми: содржински и плагијаторски. Но, да почнеме со ред…

Повторно гледаме случај на обележување и на делење квалификации. Притоа, секако, се запазува „принципот на неаргументираност“. Се вели дека „Студентскиот пленум“ е „продолжена рака“ на СДСМ, што е интересна заговорничка теза, ама крајно непоткрепена. Формулацијата „важи во јавноста“ апсолутно не е алиби за да се покрие таквата несоодветна формулација, зашто ем е злоупотреба на вистинската јавност, оти нема извор од јавноста, односно граѓани, ем е обид за давање политичка обоеност на активностите на пленумот. Нормално, материјалот се раководи по „линија на помал отпор“ – ако не е со власта, тогаш субјектот секогаш мора да е со опозицијата, што е суштинско релативизирање на поимот граѓански активизам.

„Пленумците и дел од опозициските медиуми денеска излегоа со шпекулации дека разгледување на случувањата за време на студентските избори ќе била една од точките на дневниот ред на утрешна вонредна седница на универзитетскиот Сенат“.

„Сепак, ваквите шекулации се целосно неточни, бидејќи според информациите што ги добивме од Сенатот, за утре не е планирана никаква седница, туку едноставно станува збор за дезинформации кои ги шири таканаречениот Пленум“.

„Со ваквите невистинити шпекулации, Студентскиот пленум кој е политички мотивиран се обидува да внесе паника, повторно служејќи се со подметнувања. Токму таканаречените пленумци се обидоа да го нарушат гласањето за избор на нов студентски лидер минатиот четврток преку притисоци и разни опструкции“.

 

КОНСТРУИРАНО Е МОНСТРУОЗНО ЧЕТИВО

Да, ако некој пласира дезинформација, тоа секако треба да се нотира, ама не на начин да се конструира монструозно четиво полно со обвинувања, медиумски распнувања и со повторувања на невистини за случувањата со изборот на новото раководство на СПУКМ.

„Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“ – член 1 од Кодексот на новинари.

„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“ – член 13 од Кодексот на новинари.

Толку за содржинскиот дел. Сега повеќе за „оригиналноста“. Да бидеме искрени, ја нема, овој напис е чист „копи-пејст“ продукт, од А до Ш и тоа преземен од медиумскиот гуру-провладин портал, сосе насловот. Погледнете самите, различна е само фотографијата искористена за илустрација:

„Студентскиот пленум дезинформира- седница на Сенат нема да има“Курир (05.07.2016, 21:18)

Бидејќи никаде не е наведено дека станува збор за преземен текст, тогаш пресудата мора да биде остра. Плагијаторство!

„Плагијаторството е неприфатливо. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот“ – член 12 од Кодексот на новинари.

Поради одбележаните недостатоци, веројатно нема да биде преостро ако кажеме дека ова е „криминал“ од текст.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести