verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наднасловот го упропастил извештајот

on 10 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

dnevnik

[Рецензија: Богов: најлошото сценарио е најреално – БДП ќе порасне само 1,6 отсто]

 

Прес-конференцијата што неодамна ја одржа гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, на која ги изнесе прогнозите за порастот на домашниот бруто-производ, ја пренесоа сите медиуми. Разликите се, секако, присутни кај известувачите, но главно во акцентирањето на одредени моменти од излагањето или во опремата. Написот што е предмет на рецензија се обидел да ја политизира изјавата на Богов повеќе, отколку што таа сама по себеси дозволува. Тоа, пак, на некој начин, е јасен „фаул“ – изложување на јавен функционер од прв ранг, се користи  за спинување на опсерверите во насока на оправдување на лошата економска политика на Владата со други, неспоменати фактори!

FireShot CaptulnhklepngЛинк до оригиналниот напис: Богов: најлошото сценарио е најреално – БДП ќе порасне само 1,6 отсто

Датум и време на објавување: 05.05.2016 18:21

Датум на рецензирање: 09.05.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

НАМАЛЕН ПОРАСТ

„Раст на вкупната економија годинава од само 1,6 процент предвидува Народната банка. Ова е најниска прогноза за раст на домашниот бруто-производ (БДП) на земјава, а централната банка ја правда со продолжената политичка криза. Проекциите од ова сценарио се базирани на претпоставки дека политичката нестабилност ќе трае до крајот на годината, а поради тоа населението ќе ја губи довербата, па помалку ќе троши, странските и домашните инвеститори ќе ги намалат вложувањата.“

Во своето изложување, како што се гледа и од овој цитат, гувернерот говори за политичка криза. Никаде не говори за субјекти, за виновници што ја создале кризата, за тоа кој реално може да создава криза во земјата и кој е виновникот за лошите состојби.

Гледан кацо целина, како пренос на една интересна за јавноста прес-конференција, пред себе имаме одлично преточен настан во широк детален извештај, еднакво привлечен и за стручната и за обичната јавност! И насловот е соодветен на настанот од кој се известувало.

Ама, проблем прави, се чини, отпосле додадениот наднаслов кој гласи:

„Кризата создадена однадвор и од СДСМ дава резултати“

Тој сугерира дека признавањето за големиот пад на економските прогнози на НБРМ нема основа во акуелната политика и во тие што ги водат финансиите и економијата, туку во тие кои прават нереди и политички кризи, како тие и да немаат свое извориште во секојдневието.

Ваквиот потег,  многу веројатно, е уредничко „посолување“, со што еден вреден новинарски производ добива блуткав вкус.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести