verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Мултиплицирање на невистината

on 21 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

05202015-InfomaxTapa-crop-resize

 

[Рецензија: Ова ли е масовност? Заев нервозен се расправал со сопартијците бидејќи протестите пропаднале и доживеале фијаско]

 

Доколку е потребно и со документ да се потврди дека примарната задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и да известуваат за неа, го нудиме првиот став од преамбулата на Кодексот на новинарите на Македонија во кој се вели:

Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија.

Дека вистината е врвна задача во новинарството, пишува и во сите други национални и меѓународни кодекси и принципи со кои се утврдуваат професионалните стандарди и етичките норми на оваа професија.

Зошто на почетокот на оваа рецензија толку инсистираме на оваа новинарска мисија? Затоа што текстот што го рецензираме објавува невистина и со тоа го крши овој врвен принцип.

05202015-InfomaxTapaЛинк до оригиналниот напис: Ова ли е масовност? Заев нервозен се расправал со сопартијците бидејќи протестите пропаднале и доживеале фијаско

Датум и време на објавување: 15.04.2015, 09:14

Датум на рецензирање: 20.04.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Рецензијата на оваа медиумска содржина би можела да заврши во констатацијата во воведот на оваа рецензија. Но, сепак, подготвени сме да се задржиме уште малку на овој текст зашто тој крши уште неколку професионални стандарди.

Како прво, полн е со коментари. Почнувајќи од насловот. Коментарите не се издвоени од текстот, односно целиот текст е, всушност, коментар иако се обидува да се прикрие зад форматот извештај.

Следствено на тоа, текстот е пристрасен и избрал страна. Неколкупати сме истакнале во претходните рецензии дека тоа и не е најголемиот проблем. Најголем проблем е манипулацијата и лагите што се пласираат во текстот.

Во него се тврди дека лидерот на опозицијата „жестоко се расправал со организаторите“ на протестот од 17 мај поради слабата посетеност. За ова тврдење не е дадена никаква конфирмација.

Да не ја заборавиме лагата. Таа е искажана во завршницата на текстот:

„Аболицираниот Заев од говорница уште еднаш се закани со насилство и нереди по улиците. Посочи дека ќе ја рушат актуелната власт со сила и насилие.“

Во ниту еден момент од говорот лидерот на опозицијата на 17 мај не е речено такво нешто. Ова можете да му го верувате на авторот на оваа рецензија, бидејќи беше присутен на тој настан, или да го прочитате говорот на овој линк. Или да го видите видеото од говорот.

И уште еден непрофесионален потег е преземањето на овој текст со сите овие недоследности без да бидат проверени и со тоа се врши мултипликација на непрофесионалноста.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести