verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Многу слики со малку аргументи

on 27 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-92-fillon-bashkepunimi-bdi-e-pdsh_-ahmet_-http___www-almakos-com_fillon-bash

 

Напис: Почнува соработката ДУИ и ДПА?! Ахмети и Тачи насмеани (ФОТО)

Долго време беше незамисливо, но во овие моменти лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, присуствуваат заедно на една церемонија организирана во ДУТ, на која на претседателот на Косово ќе му биде врачена титулата „Doctor Honoris Causa“.

Претходно, весникот „Лајм“ напиша дека Хашим Тачи може да се вклучи во предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, подржувајќи го верниот партнер на Груевски, Али Ахмети, со посета на Зајас, каде што се одвиваат работи за откопување на коските од една масовна гробница. По текстот во весникот „Лајм“, дознаваме дека неговите советници му предлагаат на Тачи да не оди во Зајас, поради револтот кој може да се предизвика кај Албанците во Македонија и во Косово. Поради ова постои голема можност оваа посета на Хашим Тачи во Зајас да не се оствари, иако сè уште нема дефинитивна одлука, известува „Лајм“.

Во меѓувреме, на фотографијата може да се видат Али Ахмети и Мендух Тачи насмеани, со што во јавноста се отворија сомнежи дека од денеска во Тетово веќе почнала соработката меѓу ДПА и ДУИ?!

[Рецензија: Почнува соработката ДУИ и ДПА?! Ахмети и Тачи насмеани (ФОТО)]

Понекогаш се случува при рецензирање на текстот да не знаете од каде да почнете и тоа поради фактот што во него има многу индикатори и елементи за рецензирање. Таква е и оваа содржина, многу „богата“ со професионални недостатоци, почнувајќи од насловот, па сè до последната реченица.

ahmeti_thaci_usht2Линк до оригиналниот напис: „Почнува соработката ДУИ и ДПА?! Ахмети и Тачи насмеани (ФОТО)

Датум и време на објавување: 14.10.2016

Датум на рецензирање: 23.10.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Текстот почнува со наслов, кој уште од својот прв фрагмент се демантира од содржината на текстот. Нормално дека информацијата што ја чита во насловот, читателот ќе ја бара аргументирана и потврдена во текстот. Меѓутоа, кога се чита содржината, јасно е дека насловот нема врска со тоа што е напишано и дека Тачи и Ахмети не седнале заедно како резултат на некоја соработка, туку при една церемонија во ДУТ.

„Долго време беше незамисливо, но во овие моменти лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, присуствуваат заедно на една церемонија организирана во ДУТ, на која на претседателот на Косово ќе му биде врачена титулата „Doctor Honoris Causa“.“

Освен тоа, во текстот се спомнува и претседателот на Косово, Хашим Тачи, и неговите можни активности во Македонија. Но, сè останува во границите на шпекулации и обиди за свесна манипулација на јавноста, затоа што не се дава ниту еден аргумент со кој би се потврдило напишаното.

На крај, текстот се навраќа на дезинформацијата што е напишана во насловот и со сликите продолжува обидот да се манипулира јавноста. Недостигот од изјави од страна на протагонистите на овие фоотографии е само уште еден доказ дека содржината, преку овој „новинарски продукт“, има цел да ја дезориентира јавноста.

И уште еднаш, по кој знае кој пат, принудени сме да повториме што пишува во Етичкиот кодекс на новинарите:

Моралната одговорност за неточноста на информацијата паѓа на новинарот и затоа е важно тој самиот да влијае и да обезбеди објавување на демант, исправка или одговор во медиумот во кој информацијата е објавена, а чијшто автор е тој. На тој начин новинарот го штити и сопствениот интегритет, но и интегритетот на медиумот во кој работи.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

нерелевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести