verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Мислење врз основа на полуфакти е шпекулација

on 9 - 10 - 2015       

10062015-NetPress-Nonkovic-crop-resize

[Рецензија: Нонковиќ: Документите за „Телеком“ ja покажаа мизеријата на политичарите што владееле со Македонија]

Едно е да организираш телевизиска дебатна емисија, а сосема друго од таа дебата да извадиш едно парче и да го (зло)употребиш со проблематични новинарски професионални постапки.

Дури и сите дебатери во емисијата да се истомисленици, самата дебата си има своја почетна елаборација на застапуваните аргументи, некаков развој на приказната што гостите ја протежираат и сето тоа, повторно дури и со истомисленици, има некоја смисла.

Од друга страна, нема никаква смисла од таа дебата да извадите едно „парче“ и да му дадете некоја важност, некое значење, врз основа на дел од искажано мислење и од тоа да правите автентичен новинарски текст. Тоа, наједноставно, се нарекува – монтажа. Но, има и други квалификации што ќе ги елаборираме во оваа рецензија.

10062015-NetPress-NonkovicЛинк до оригиналниот напис: Нонковиќ: Документите за „Телеком“ ja покажаа мизеријата на политичарите што владееле со Македонија

Датум и време на објавување: 05.10.2015, 11:27

Датум на рецензирање: 07.10.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Значи, како прво, оваа новинарска содржина не може да ја скрие (ниту, пак, сака) својата политичка пристрасност. Тоа го прави овој новинарски текст проблематичен во однос на професионалните стандарди и во однос на принципите во сите новинарски кодекси во светот.

Како второ, текстот е селективен, бидејќи ни е предочен само еден сегмент од искажаната целина. Па, дури и од самата вистина за аферата „Телеком“, со оглед на тоа дека оваа афера навестува дека во неа биле вклучени политички функционери од двете влади, односно двете најголеми политички партии во земјата.

И, како трето, овој текст е диригиран, насочен и врамен за однапред одредена цел и кон однапред одредена рамка или контекст – корупцијата на поединци во една политичка партија да се прикаже како грев на целата политичка партија, односно да се прикаже дека сегашната најголема опозициска партија единствено што имала, била – коруптивната идеологија.

Се повторуваме, но секогаш има повод: Мислењето е заклучок до кој дошол некој врз основа или поттикнат од фактите. Во голема мера мислењата се формираат и од она за што луѓето сметаат дека е факт и, понекогаш, и од  најверојатно вистинитите факти. Во однос на темата, за која е издвоеното мислење и конструиран овој новинарски текст, фактите сѐ уште не се јасни и конечни. Мислењата врз основа на такви „факти“ се само шпекулации и ништо друго.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

скриншот

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести