verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Мислење подметнато како вест

on 17 - 10 - 2015       

10152015-Maxim-Katica-crop-resize

[Рецензија:  Катица очекувала да почне да владее правото – па зар не го спроведувала до вчера?]

 

Колку и да се обидува(в)ме да го издвоиме овој новинарски текст од контекстот во кој овие денови е сместенa темата „специјалната јавна обвинителка Јанева“, тоа едноставно не е можно. Во таа смисла, во воведот од оваа рецензија не можеме, а да не го споделиме впечаткот дека и оваа медиумска содржина е дел од оркестрираната хајка што има цел да ја проблематизира и да ја искомпромитира фазата на етаблирање на Специјалното јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Најголем проблем на оваа содржина е што нема жанровски идентитет. Објавена е во рубриката „Вести“, а нема ниту еден елемент од форматот вести. Многу повеќе личи на мислење, на коментар и да беше ставена во таква рамка, оваа содржина можеше дури и да помине.

10152015-Maxim-KaticaЛинк до оригиналниот напис: Катица очекувала да почне да владее правото – па зар не го спроведувала до вчера?

Датум и време на објавување: 14.10.2015, 20:59

Датум на рецензирање: 15.10.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Проблематични се дури и тезите врз кои се изведуваат заклучоците во текстот. Авторот на оваа медиумска содржина без идентитет и без професионален новинарски формат, во прв план го става заклучокот дека „има координираност помеѓу СДСМ и Катица Јанева“ и тоа го изведува само врз основа на совпаѓањето на времето на реакцијата на опозициската партија и на реакцијата на специјалната обвинителка по одлуката на Советот на обвинители да го преполови тимот на Јанева. Тоа, напросто, не е воопшто аргумент.

Крунскиот „аргумент“ против ставовите на специјалната обвинителка по повод неодобрувањето на дел од нејзиниот тим, кога таа укажа дека Советот на обвинители го прекрши тукушто донесениот закон за специјален јавен обвинител и кога изрази надеж дека очекува да завладее владеењето на правото, е прашањето на авторот на текстот: „па зар не го спроведувала правото до вчера?“.

Не можеме да го скриеме впечатокот дека ова прашање во себе содржи само намера за навреда зашто Јанева досега, во нејзината кариера, секако ја спроведувала правдата, но за некои други предмети и за еден друг правосуден контекст.

Она што сега ѝ претстои е без преседан и во голема мера со многу политички контекст и подземни карпи кои досега го болкираа спроведувањето на правото во однос на клучните предмети, со основани сомневања за инвилвираност на важни политички функционери и токму затоа таа изразува надеж дека во оваа нова реалност ќе биде дозволено да владее и да го спроведува правото.

Не сакаме да спориме со мислењата во оваа новинарска содржина, туку да укажеме на неодржливоста во рамката на „Вест“ да се подметне мислење. Тоа спротивно на кодексите новинарски, вклучувајки го и македонскиот, кој во членот 13 вели:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

„Загаденоста“ на форматот вест со комплетен коментар, што, всушност, е оваа медиумска содржина, е во спротивност и со членот 14 од кодексот:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.

За жал, новинарот и уредникот на оваа содржина не ја обезбедиле неопходната професионална дистанца од политичките субјекти.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести