verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Минијатура на махерите на спинот

on 23 - 04 - 2014       

04222014-Kurir-za-benzinite-crop-resize

Во теоријата, најчеста дефиниција за спинот е дека тој е форма на пропаганда, која се постигнува преку обезбедување на интерпретација на одреден настан или кампања, за да го убеди јавното мислење во корист, или против, одредена организација или јавна личност. Имајки ја оваа дефиниција, ви нудиме, почитувани читатели, вие самите да определите дали има спин во насловите на овие две вести во еден ист медиум:

Вест број 1:Поевтинуваат бензините и дизелот„ (објавена на 13 јануари 2014 13:56)

Вест број 2:Одредени нови цени за бензините и дизелот“ (објавена на 22 Април 2014 12:26)

Во првата вест фактичката ситуација е дека е постигната согласност за пониска цена на бензините и медиумот за да ја афирмира оваа информација во насловот го користи зборот „поевтинуваат“. И тоа е сосема во ред. Одговара на фактите во веста.

Во втората вест фактите велат дека Регулаторната комисија за енергетика ги покачила цените на горивата. Но, медиумот во насловот се одлучил да се користи зборот „одредени“. И тоа одговара на фактите, но разликата ја прави интерпретацијата.

Токму така како што дефинира техниката на спинот. Класична пропагандна техника на класичен пример. Студија на случај за спинување, како што, всушност, констатираат и граѓаните на социјалните мрежи кои беа поттик за оваа рецензија.

04222014-Kurir-za-benzinite04222014-Kurir-benzinite-03Линк до оригиналниот напис: Одредени нови цени за бензините и дизелот

Датум и време на објавување: 22.04.2014, 12.26

Датум на рецензирање: 23.04.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

И нема што многу да се коментира. Во првиот случај зборот „поевтинуваат“ афирмира и рецепцијата е позитивна, а во вториот зборот “одредува“ е неутрален за да го намали интензитетот на интерпретацијата која заради поскапувањето (ќе) има негативен предзнак.

И на крајот една куса историја на спинот и на пропагандата. „Татко на спинот” е Едвард Бернајс, кој сметал дека манипулацијата со јавното мислење е неопходен дел од демократијата, заради што често пати бил критикуван како пропагандист и манипулатор кој работи спротивно на јавниот интерес а во полза на одредени лоби групи.

Еве што вели Бернајс во неговата книга „Пропаганда” од 1928-та година:

„Оние кои манипулираат со овој скриен механизам на општеството, како една невидлива влада се вистинската владеачка моќ во нашата земја…Ние сме управувани, нашите умови се моделирани, нашите вкусови се формирани, нашите идеи се сугерирани, најчесто од луѓе за кои никогаш не сме слушнале… Во скоро секој акт на нашите секојдневни животи, без разлика дали во сферата на политиката или бизнисот, или нашето социјално однесување или етичко мислење, ние сме доминирани од релативно мал број на луѓе, кои ги разбираат менталните процеси и социјални шаблони на масите. Тие се оние кои ги влечат конците што го контролираат јавниот ум”.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести