verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Мешање баби и жаби за оправдување насилство

on 12 - 08 - 2016       

Kurir

 

 

[Рецензија: ВИДЕО: Еве како западните земји се справуваат со уфрлените провокатори како оние на Заев]

 

Насловот, но и текстот што е предмет на рецензија, поттикнуваат на насилство, бидејќи на одреден начин се става во одбрана на придружникот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој физички нападна и удри лице кое му искажа забелешка на поранешниот премиер околу санирањето на штетите од невремето. Индиректно, текстот го поддржува ваквото однесување, бидејќи, од друга страна, не го ни осудува. Примерите од другите странски држави што се наведени во текстот се однесуваат на упади на лица на прес-конференции или јавни говори на светските политичари, што е сосема поинаков случај од примерот со Никола Груевски и неговата посета на поплавените подрачја. Притоа, ваквите упади биле решени преку ненасилен пат од страна на обезбедувањето на политичарите.

 

kurirЛинк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Еве како западните земји се справуваат со уфрлените провокатори како оние на Заев

Датум и време на објавување: 11.08.2016

Датум на рецензирање: 12.08.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

АТАК И ОМАЛОВАЖУВАЊЕ ЗА КРИТИЧАРОТ

Текстот почнува со атак и со омаловажување на лицето што на лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, му даде забелешка околу санирањето на штетите од поплавите. Притоа, освен негова дискредитација, не е земено предвид дека тој го стори тоа на јавен простор, каде има слобода на говор и не направи никаков упад. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не држеше говор, па некој да го прекинува! На лицето, исто така, му се припишува партиска припадност, без да бидат понудени докази за тоа. Оттука, опозициската партија неосновано се обвинува дека на овој начин, преку нивни наводен партиски активист, се обидува да извлече политички поени.

„Јавно провоцирање и омаловажување, обиди за растурање и попречување на настани, вербални навреди, непочитување на организацијата и протоколот, кавгаџиство на ликови со сомнителен бекграунд е тактиката на неинвентивниот СДСМ за борба со политичкиот противник, која се користи дури и при природни катастрофи од кои најгоолемата опозициска апртија се обидува политички да профитира“.

Понатаму се врши дезинформирање на јавноста, бидејќи т.н. провокатор, наводно, бил избркан од револтирани граѓани, а се прикрива вистината дека тој беше физички нападнат од придружник на лидерот на партијата. На снимката на бугарската телевизија „Нова“ се гледа како тој првин го тегне момчето за маицата, а потоа го удира со тупаница во главата, откако натепаниот претходно му се обрати на Груевски велејќи дека „граѓаните се оставени сами на себе“. За инцидентот се вели дека бил исцениран од лидерот на опозициската партија, но освен произволен коментар, не се понудени никакви докази за ваквото тврдење.

„Еден таков уфрлен провокатор беше избркан завчера од Сингелиќ од страна на револтирани граѓани кои го препознаа неговиот обид да изглуми наводна жртва од поплавите. Инцидентот кој смислено беше инсцениран од Заев и СДСМ се случи за време кога екипа на бугарската телевизија Нова беше во околината на Груевски, со цел инцидентот да биде претставен како скандал, во поширокото подрачје“.

 

 

НЕСООДВЕТНИ ПРИМЕРИ

Во материјалот што е предмет на рецензија се даваат примери како странските држави се справуваат со вакви или слични примери. Притоа се прави една несоодветна споредба, бидејќи во постапките на лицата за обезбедување на политичарите во странство нема насилство со удирање тупаници, туку ненасилно отстранување на лице кое го нарушува редот во рамките на закажана манифестација. Примерите што се посочуваат, главно, се однесуваат на упад на лица при одржување на прес-конференции или јавни говори на светските политичари, што не е исто со посетата на Никола Груевски на поплавените подрачја.

„За овие работи кои во очај ги практикува СДСМ, западните демократии ги даваат најдобрите примери. Јавен егзибиционизам, уфрлување во изјави на говорникот, недолично однесување, непочитување на протоколот, вербални навреди и омаловажуваа, попречување на настани и сите останати работи кои СДСМ ги прави во Македонија, се појави кои се случуваат и на запад. Овие лица кои ги прават овие работи се нарекуваат хеклери, а овој феномен хеклање“.

Без докази за изнесените тврдења, текстот е коментаторски и шири дезинформации. Со неговата едностраност, не е задоволено минималното ниво на сеопфатност. Текстот, исто така, прикрива информации и не ја прикажува целосно вистината. Истовремено, не осудувајќи и бранејќи насилство, поттикнува на насилство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни,

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести