verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиумско релативизирање на катастрофата

on 10 - 08 - 2016       

kurir

[Рецензија: Никој не е имун на водената стихија – поплавите однесоа голем број жртви во регионот и пошироко]

Во потрага по смислата на оваа објава, тргнуваме од нејзината содржина и структура. Но, не очекувајте премногу. Ако сте трпеливи и да ја прочитате или да ја одгледате докрај оваа долга колона од букви, бројки и од фотографии, на крајот ќе се соочите со единствениот можен заклучок: оваа содржина нема никаква смисла. Освен една: На денот кога граѓаните очекуваа најмногу реални, објективни информации за катастрофата што се случи во неколку населени места околу Скопје, да се испорача и содржина што ќе ја релативизира катастрофата и ќе ја одложи, прикрие, замагли одговорноста бидејки „не ни се случува само нам, туку насекаде и не само сега туку во изминатите десетина, дваесет години“.

09082016-Kurir-Poplavi-RelaЛинк до оригиналниот напис: Никој не е имун на водената стихија- поплавите однесоа голем број жртви во регионот и пошироко

Датум и време на објавување: 07.082016, 11:34

Датум на рецензирање: 09.08.2016

 

„ГОЛО“ РЕДЕЊЕ ДАТУМИ

Дури и да го прифатиме аголот на новинарската приказна дека „никој не е имун“ нa природните катастрофи, „голото“ редење датуми и места на кои се случиле слични катастрофи не може да се нарече новинарски текст.

Ако некој веќе има амбиција да пронајде некоја заедничка нишка за настаните предизвикани од природни катастрофи, тоа треба да го направи темелно, врз основа на логиката и на некакви рационални согледувања кои може да ги соопшто само авторитетен, стручен извор.

Во случајот на оваа медиумска содржина, не само што нема разумен, рационален пристап за да се пронајде некоја врска меѓу трагичните настаните, туку нема ни извор кој може да го анализира тоа на таков начин.

Оттаму, ова редење на вакви настани нè враќа на првичниот заклучок дека единствената мотивација за оваа низа од податоци е да се испорача содржина која ќе ја релативизира катастрофата што се случи во околината на Скопје и со тоа да се одложи, прикрие, замагли одговорноста бидејки „не ни се случува само нам, туку насекаде и не само сега, туку во изминатите десетина, дваесет години“.

Тоа не е одговорно и чесно новинарство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести